„El Nido Resorts“ – егзотично бегство од реалноста
Првокласните летни одморалишта „El Nido Resorts“, ви нудат единствена можност да ја почувствувате недопрената природна убавина на Филипинските острови. Нивната изолација и ексклузивност, ги прават овие острови посебни и уникатни.Овие прекрасни острови се во составот на архипелагот „Palawan“, кој се наоѓа западно од Филипини. Познат по разновидниот биолошки свет, како и по неверојатните предели, „Palawan“ го нарекуваат „Последната еколошка граница на Филипини“.Најпознато место за летување е „El Nido“. Оваа општина е составена од 45 острови и мали островчиња, секој со уникатни карактеристики. Прекрасните плажи со кристално бел песок и скриените заливи се одлични за уживање далеку од многубројните туристи. Овој предел е познат и по неверојатните пештери, стари и по неколку милиони години.Поради разновидниот биолошки свет, овие летувалишта привлекуваат нуркачи од целиот свет. А со својата егзотика и ексклузивност, се идеално место за сите оние кои се решени да го кажат судбоносното „ДА“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.