Експерт за окултизам открива: Вака изгледа црната магија...

Експерт за окултизам открива: Вака изгледа црната магија…

Според најопштите сфаќања, црната магија се користи со цел да се убие, повреди или уништи нечиј живот на натприроден начин, така што оној кој ја практикува го прави тоа за своја корист. Црната магија се поврзува со сатанизмот, демоните, вештерките и вештерите. Поделбата на бела и црна магија е многу дискутабилна тема, која е подложна на различни видови толкувања. Особено од страна на црквата, бидејќи секој вид магија се смета за вештачко мешање во природниот тек на животот. Други пак, укажуваат на фактот дека самиот карактер на магијата не лежи во нејзината основа, туку во начинот на кој се применува. Според францускиот окултист Елифас Ели, црната магија изгледа вака…

Експерт за окултизам открива: Вака изгледа црната магија...

Примена на црната магија

За црната магија најчесто се користеле отрови направени од билки или други видови отровни материјали со чија помош се нанесувало зло на луѓето или животните. Практичарите на црната магија најчесто ги правеле своите ритуали навечер на гробишта, остатоци од напуштени домови или други видови осамени и изолирани места.

Во овие ритуали најчесто се поднесуваат жртви преку убивање животни, а понекогаш дури и луѓе (особено деца). Крвта и давањето жртва бил значаен дел од овие пракси, додека пак биле користени и други видови помагала кои ги поврзувале со злото и негативното влијание, како црни свеќи, черепи, крилја од лилјак, нокти од убиен злосторник и друг вид слични предмети.

Се верувало дека практичарите на црна магија се собираат за време на црните сабати, каде што се препуштале во оргии и уживање во наркотици кои потоа предизвикувале халуцинации. Тие ги правеле овие тајни обреди со цел да го слават ѓаволот. Тие исто така се занимавале и со некромантија, односно повикување на душите на мртвите со цел да добијат одговори на посакувани прашања.

Историја на црната магија

Сведоштва за применување црна магија се јавуваат уште во стариот век кај древните Египќани и Персијци, како и кај античките Грци и Евреи преку кои во периодот на Римското царство се прошириле и во Европа. За време на мрачниот среден век забележани се информации за применување црна магија во Шпанија, јужна Франција, Италија и Германија…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар