Експерт објаснува зошто треба да престанете да пиете кравјо млеко

Експерт објаснува зошто треба да престанете да пиете кравјо млеко

Млечните производи, вклучувајќи го и кравјото млеко, се важен дел од исхраната на луѓето на запад. Многу луѓе консумираат млеко за појадок секое утро, а редовно јадат и други млечни производи како јогурт и сирење. Ова се случува најчесто во САД и државите од северна Европа, како Финска и Шведска.

Експерт објаснува зошто треба да престанете да пиете кравјо млеко

Не е изненадувачки што консумирањето млечни производи е често во овие делови од светот. Повеќето луѓе кои живеат овде можат да консумираат храна со лактоза без да имаат проблеми со стомакот. Покрај тоа тие веруваат дека е навистина здраво да се консумираат млеко и млечни производи. Ова верување е всадено во нашите умови со текот на генерациите, најмногу помогнато од млечната индустрија и властите кои го нагласуваат фактот дека овие прехранбени производи се богати со калциум, протеини и витамини.

Но, она што го забораваме често е дека млечните производи се додадени во нашата исхрана неодамна. Во речиси 99,6% од историјата на луѓето, ниту еден човек не консумирал редовно млеко од друго животно. Покрај тоа млекото е посебен вид храна чија цел е индуцирање на развојот и созревањето на цицачите. Со други зборови, од гледна точка на Дарвин, млекото не се совпаѓа со биологијата на луѓето.

Дали млекото навистина ни прави добро?

Млечните производи како сирење и јогурт содржат многу штетни состојки. Покрај тоа млечните протеини можат да предизвикаат многу проблеми со здравјето од кои многу се поврзани со стомакот. Еден експерт, доктор Бодо Мелник решил да објасни зошто млекото не е добро за нас.

Што е она што луѓето не го знаат за млекото?

Многу луѓе се научени дека млекото е полно со квалитетни протеини, калциум и витамини и е важен дел од здравата исхрана. Но какво е влијанието на консумирањето млеко од друго животно? Што го прави млекото поразлично од другите делови од исхраната?

Млекото не е едноставна храна туку софистициран ендокрин систем за сигнализирање на цицачите што го поттикнува растењето. Млекото овозможува две клучни нешта за да ја изврши оваа задача: есенцијални разгранети аминокиселини и софтвер за регулирање на гените. Овие нешта ја зголемуваат активноста на протеинот mTORC1. Претераната активност на овој протеин предизвикува разни болести како дебелина, дијабетес тип 2, рак и невродегенеративни болести.

Кои се „лошите“ супстанци во млекото?

Претераната активност на mTORC1 предизвикува болести што зависат од возраста. Овие протеини се активираат од разгранети аминокиселини кои ги има во изобилство во протеините од сурутка и казеин. Микро РНК добиена од млеко не само што ја поттикнува лактацијата кај луѓето, туку ја поттикнува и адипогенезата. Со селекцијата на млечните крави, пастеризацијата и чувањето во фрижидер, луѓето се постојано изложени на микро РНК од млеко. Целта на микро РНК од кравјото млеко е да го поттикне растењето на телињата, но не и кај луѓето. Бидејќи ферментацијата и кој било третман со топлина го уништуваат РНК системот на млекото, ферментираните млечни производи се со помал ризик.

Кои болести се појавуваат со консумацијата на млеко?

Болестите кои се појавуваат со честото консумирање млеко и млечни производи се акни, дебелина, дијабетес тип 2, рак на простата и Паркинсонова болест.

Која е поврзаноста помеѓу исхраната и акните?

Постојат многу докази од контролирани клинички истражувања кои покажуваат дека консумирањето млеко предизвикува акни. Изминативе 3 години дерматолошките здруженија се премислија и ја прифатија поврзаноста помеѓу исхраната и акните. Постојат 2 најголеми предизвикувачи на акни – млеко и хипергликемични јаглехидрати. И двете го активираат mTORC1. Консумирањето млеко го зголемува нивото на разгранети аминокиселини и инсулин. Храната со висок гликемичен индекс исто така го зголемува нивото на инсулин. Млекото и шеќерот, едни од најчестите состојки во исхраната на западниот човек, ја поттикнуваат активноста на mTORC1.

Какво е влијанието на другите млечни производи врз mTORC1?

Постојат многу истражувања кои покажуваат влошување на акните со претерано внесување протеини. Ова не е редок случај кај бодибилдингот и фитнесот. Во Германија консумирањето на сирење се зголемило 5 пати од 1950-та година до денес. Ова покажува колку многу млечни производи се консумираат во развиените земји.

Која е врската помеѓу здравјето на коските и консумирањето млеко?

Неодамнешните истражувања дале цврсти докази дека консумирањето млеко и млечни производи го зголемува ризикот од скршеници на коски, особено на колковите, кај постарите луѓе. Покрај тоа се открила и цврста врска помеѓу консумирањето млеко и ризикот од смрт.

Која храна ќе ви помогне да внесете доволно калциум во организмот?

Многу зеленчуци, како брокулата, и минералната вода се богати со калциум. Она што е важно за здравјето на коските е редовна физичка активност и витамин Д кој се добива од сончевата светлина. Количеството калциум во кравјото млеко има за цел да го поттикне растот на коските кај телињата кои ја дуплираат нивната тежина по само 40 денови. Кај луѓето за ова се потребни 180 денови. Покрај тоа, тежината на скелетот на возрасните крави и луѓето е многу различна.

Погледнете и што друго се случува со вашето тело кога консумирате премногу млечни производи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар