Експериментот на НАСА со близнаците ќе се повтори и на Монт Еверест

Експериментот на НАСА со близнаците ќе се повтори и на Монт Еверест

Можеби се сеќавате на истражувањето на НАСА со близнаци во кое 10 разни тима од истражувачи ги проучуваа астронаутот Скот Кели кој помина една година во Интернационалната вселенска станица, и неговиот идентичен брат близнак, астронаутот Марк Кели кој остана на Земјата.

Експериментот на НАСА со близнаците ќе се повтори и на Монт Еверест

Дел од истражувањето вклучувало и споредување на ДНК на близнаците. Настана вистинска мешаница кога бројни медиуми погрешно ги протолкува резултатите и изјавија дека ДНК-та на Скот била значително изменета по поминатиот период во вселената. Од НАСА објаснија дека неговата ДНК не се променила, туку биле забележани некои промени во гените, односно нивното реагирање со околината.

Поголемиот дел од генетската експресија се вратила во нормала откако астронаутот се вратил на Земјата, но 7% останале исти како кога бил горе. Според НАСА, овие 7% можеби ќе предизвикаат долготрајни промени во имунолошкиот систем на Скот, обновувањето на неговата ДНК и формирањето на коските. Овие промени можат да влијаат и на генетската експресија при недостаток од кислород или преголемото количество јаглероден диоксид во крвотокот.

Вселена или стрес?

Но дали промените кај Скот биле резултат на тоа што е во вселената или поради тоа што бил во екстремно стресно опкружување? Еден начин да се најде одговорот е да се тестираат планинарите на голема височина каде што ретката атмосфера и ниските температури ќе предизвикаат стрес. Потоа овие резултати ќе се споредат со оние на близнаците Кели.

Кристофер Мејсон кој го водел истражувањето за гените на НАСА дизајнирал споредлив експеримент кој вклучува двајца планинари, Вили Бенегас и Мет Моинц. Тие ја искачија Монт Еверест во мај, а резултатите допрва треба да пристигнат.

Но веќе постојат научни докази кои покажуваат дека високите места на Земјата ја менуваат генетската експресија. Зак Чеврион, асистент во Универзитетот во Монтана учествувал во истражување за ефектите на височината кај еден вид глувци. Ова мало суштество се соочува со најголема висинска разлика, од ниво под морето до висина од 4.300 метри.

Зак, кој не учествува во истражувањето со планинарите, изјавил дека кога овие глувци биле на поголема височина имале промена на генетската експресија, појава која имала влијание на структурата на мускулите. Овие промени им овозможувале на глувците да се справат со опкружувањето на планината каде што пореткиот воздух го отежнува снабдувањето на мускулното ткиво со кислород.

Промената до некој степен ја имитира еволуцијата

Генетската експресија е огранок од физиологијата и претставува вклучување и исклучување на гените со цел да се зголемат шансите за преживување.

„Генетската експресија изгледа дека ја имитира адаптацијата предизвикана од еволуцијата“, изјавил Чеврион.

Глувците родени на планината, потомци на претходните генерации кои еволуирале на големи височини, имаат мутација која им овозможува да ги променат гените на многу повисоки места, за разлика од глувците родени на пониско.

„Ако земете глушец од пониско место и го изложите на голема височина, генетската експресија ќе помогне да се развијат повеќе крвни садови. Но, ќе имаат помалку за разлика од оние родени на високо место.“

Но не сите промени се добри. Истражување од 2014-та година покажало дека луѓето од Тибет кои живеат на високо имаат наследено гени кои им овозможуваат нивните тела поефикасно да го користат кислородот без да имаат висок број црвени крвни клетки. Кога некој од пониско место ќе отиде на Тибет, неговото тело ќе се обиде да се справи произведувајќи повеќе црвени крвни клетки – промена што ја згуснува крвта и што го зголемува ризикот од затнување на вените и инфаркт.

Прочитајте ги и овие одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар