Експеримент во кој децата не успеале да го надмудрат мајмунот
Белгиската радио станица Радио 1 направила интересен експеримент за потребите на рекламната кампања „Назад на училиште“. Целта на кампањата била да ги покаже недостатоците на образовниот систем, односно дека децата не ги учат секогаш вистинските работи на училиште и затоа треба да се дебатира. Рекламата пропагира учење кое ќе ги натера децата да размислуваат креативно и да бараат креативни решенија.
За таа цел тие им дале една цевка во која имало кикиритка и побарале од нив да ја извадат надвор. Децата цело време се мачеле и никако не успеале да ја извадат. Потоа им дале да видат видео на кое еден орангутан успева од прва. Нивните реакции во видеото подолу доволно зборуваат.
Овде е и целосното видео од рекламата-експеримент.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.