Еко-пријателски и економични новогодишни подароци

Еко-пријателски и економични новогодишни подароци

Нова година е еден од оние празници кои сакаме да ги поминеме со нашите најблиски и да ги изненадиме со многу креативни подароци. Во тој случај, нема ништо поубаво од персонализиран подарок, што покажува колку навистина ни значи личноста.

Девојка држи подарок во раката

Ако решивте да подарите персонализиран подарок, ние подготвивме мала листа со новогодишни подароци за секој буџет, кои исто така се еко-пријателски и можете да ги направите сами.

Рачно изработени подароци

Разнобојни шалови

Имате талент за цртање, декупаж техника, плетење или обработка на дрво? Има толку многу работи што можете да ги направите со малку време и креативност. На пример, нацртајте смешна слика за вашите деца или пријатели и закачете ја во нивната соба. Исто така, може да направите убава чинија со декупаж техника или да исплетете топол шал за некого. Освен што се персонализирани, овие подароци се рачно изработени, а тоа ги прави навистина посебни.

Новогодишни украси

Рачно направени новогодишни украси

Многу луѓе собираат предмети со сентиментална вредност, па затоа на пријателите или семејството, дајте им рачно изработен украс за новогодишната елка. Може да подарите и разгледница со лична порака.

Природна и органска козметика

Природни парфеми и освежувачи

Органската козметика е чиста, здрава, еко-пријателска и без токсини. Со само неколку состојки, лесно можете да направите природни ексфолијанти, освежувачки спрејови и многу други продукти. Можете да подарите парфем направен од есенцијални масла или мелем за усни со мирис на какао и кокос.

„Зелена“ Нова година

Кактуси

Подарувањето растение е одлична идеја. Тоа е како домашно милениче, но подобро, затоа што бара малку одржување. Растенијата имаат многу здравствени придобивки и се одлични за прочистување на воздухот и освежување на ентериерот. Тие нè смируваат, а некои, како лавандата, го чуваат домот од разни инсекти.

Еко-пријателско завиткување и украсување на подароци

Рустично украсување на подароци

Изберете најекономично завиткување на подароците, на пример, стари весници или едноставна, кафеава хартија. Освен што е економично, тоа ќе изгледа оригинално и интересно. Исто така, можете да ги украсите со панделки од ленти и гранчиња, за да изгледаат рустично и инспирирано од природата.

Девојче со зимска шапка и подароци

Ако сè уште не можете да го изберете совршениот подарок, погледнете ги и овие 15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските.

Среќни празници!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар