Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките

Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките

Доколку секогаш сте сонувале да спиете под вода, Манта Ресорт е вистинското место за тоа. Лоциран на островот Пемба во Занзибар, овој ресорт е излез од реалноста, од едноставна причина што престојувањето е на неколку стотици метри оддалечено од крајбрежјето, во хотелска соба која лебди во океанот. Ресортот содржи и подводна спална соба, создадена за набљудување на водниот свет.

Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките

Малиот лебдечки остров се состои од три нивоа и е наменет само за среќниците, кои можат да одвојат 1.500 американски долари за еден вечер. На нивото коешто лебди над водата, има просторија за одмор и за ручање, а на врвот има палуба којшто е одлична за сончање преку ден и за набљудување на ѕвездите навечер.

Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките

Најголемата магија на овој мал „остров“ е фактот дека спалната соба се наоѓа на 4 метри под вода, со прозорци на сите страни и светла кои навечер ја осветлуваат водата и овозможуваат да ги ѕиркате рибите и останатите морски животни во океанот. Тоа создава чувство како да спиете заедно со нив. Тука можете да заборавите на бучните соседи, бидејќи во подводната соба во Манта Ресорт, сте само вие и животните кои пливаат околу вас.

Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките

Во цената за ноќевање во подводната соба, спаѓаат и разните хотелски услуги на останатиот дел од ресортот, кој се наоѓа на копно. Егзотичната локација е погодна и за нуркање и за сафари. Но, кој би го напуштил релаксирачкиот лебдечки остров со подводна спална соба за да прави нешто друго?!

Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките Егзотичен ресорт во Занзибар кој ви овозможува да спиете со рипките


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар