Едноставно и преубаво: Разиграјте ја пролетта со венче од цветови коe ќе го направите сами
Сигурно често сретнувате фотографии на Интернет каде што девојките се со венчиња од цвеќе во своите коси. И без сомнение доаѓате до заклучокот дека тие се идеален украс за главата во овие пролетни денови кога ќе се одлучите да облечете некој разнобоен фустан. Најдобро од сè е тоа што венчето со цветови можете да го направите и самите дома, а потребни ви се само три работи.
Потребен материјал:
- Едноставно венче
- Вештачко цвеќе
- Лепило
1. Откинете ги цветовите од дршката и обидете се да ја отстраните целата пластика која се наоѓа под ливчињата, така што ќе ја оставите само онаа што ги држи заедно.
2. Нанесете лепило на средината на долниот дел од цветот, но најнапред избирајте поголеми цветови и лепете ги од средината, за конечниот изглед да има смисла.
3. Избирајте ги боите кои ги сакате. За да не погрешите, пред да започнете да ги лепите цветовите, наредете ги над венчето за да се уверите дека крајниот резултат ќе ви се допадне, но и да знаете каде ќе го залепите секој цвет.
4. Кога ќе го залепите целото цвеќе, додадете листови на оние места каде што има празнини и непокриени делови од венчето. За да го направите овој пролетен моден додаток ќе ви бидат потребни 20 минути, па доколку имате уште едно венче и преостанато цвеќе, зошто да не би ја израдувале и најдобрата пријателка?
Исто така, овие венчиња се одлични за моминска вечер, родендени и други забави под ведро небо. Сега кога ја знаете основата, веруваме дека креативецот во вас ќе се разбуди и ќе смислите уште некој интересен украс за коса.