Едноставни тајни за исполнет живот: Кои се разликите помеѓу среќните и несреќните луѓе?
Сте забележале како некои луѓе природно се посреќни од други, иако реално немаат големи разлики во начинот на кој го живеат својот живот? Нивните тајни се кријат во начинот на кој се однесуваат и размислуваат. Погледнете што ги издвојува среќните од несреќните луѓе и како и вие уште денес да почнете да го менувате вашето размислување со цел да бидете многу посреќни во вашиот живот.
Среќни: Покажуваат благодарност и делат комплименти.
Несреќни: Ги критикуваат другите без основа.
Среќни: Знаат како да опростат.
Несреќни: Постојано даваат забелешки.
Среќни: Живеат во моментот.
Несреќни: Живеат во минатото.
Среќни: Преземаат одговорност за грешките.
Несреќни: Ги обвинуваат другите.
Среќни: Споделуваат информации.
Несреќни: Чуваат тајни.
Среќни: Сјаат со позитивна енергија.
Несреќни: Постојано се насочени кон негативните емоции.
Среќни: Зборуваат за идеите.
Несреќни: Ги озборуваат другите.
Среќни: Ја прославуваат победата со другите.
Несреќни: Ги преземаат сите заслуги.
Среќни: Секогаш се подготвени за промена.
Несреќни: Се плашат од промените.
Среќни: Се надеваат дека ќе успеат.
Несреќни: Потајно се надеваат на туѓиот неуспех.
Среќни: Го земаат во предвид туѓото гледиште.
Несреќни: Ги гледаат нештата само од своја перспектива.
Среќни: Имаат поставено цели.
Несреќни: Немаат поставено цели.
Среќни: Знаат точно што сакаат.
Несреќни: Не знаат што сакаат.
Среќни: Постојано учат.
Несреќни: Мислат дека знаат сè.
Среќни: Читаат книги.
Несреќни: Гледаат само ТВ.