Едноставен трик со чија помош палачинките никогаш нема да ви испаднат жилави

Едноставен трик со чија помош палачинките никогаш нема да ви испаднат жилави

Според рецептот кој многумина од вас го следат, треба да се стават цели јајца во смесата за палачинки. Но, за да добиете најдобри резултати, разделете ги белката и жолчката. На тој начин ќе добиете многу помеки палачинки кои ќе се топат во вашата уста.

Едноставен трик со чија помош палачинките никогаш нема да ви испаднат жилави

Па, како треба да изгледа правилниот рецепт за палачинки? Направете ја смесата како и секогаш претходно, но овој пат одвојте ги белките од жолчките. Белките тргнете ги настрана, а жолчките изматете ги со смесата. Кога ќе завршите со матењето, изматете ги само белките така што од нив ќе направите бел снег (ниту мек, ниту цврст). Потоа слободно додајте го на смесата, така што нежно ќе мешате додека го префрлате. Снегот од белките ќе им даде на палачинките пенеста структура и неверојатна мекост. Дури и откако ќе се оладат и отстојат, тие нема да станат жилави и невкусни за јадење.

Добар апетит!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар