Едноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домот

Едноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домот

Иако најдобрата опција е секогаш отворањето на прозорците за да дозволите свежиот и чист воздух да влезе во домот, сепак и во тој случај можете да си направите дополнителни проблеми. Посебно во летните и жешки периоди, кога ризикувате во домот да влезат разни инсекти кои ќе ви ги расипат овошките и зеленчукот, како и комарците.

Едноставен трик: Кажете им збогум на инсектите и непријатната миризба во домот

За среќа, постои еден едноставен и малку необичен трик кој може да ви помогне да се спасите од малите напасти и да ја вратите свежината во домот. Сѐ што ви е потребно се само два или три лимони и рерна. Пред да си легнете, пресечете 2-3 лимони на половина и ставете ги во угасната рерна чија врата ќе ја оставите отворена.

Наутро кога ќе се разбудите, затворете ја вратата на рерната и вклучете ја на само неколку минути. Потоа изгаснете ја и повторно оставете ја вратата отворена. Како резултат, вашиот дом ќе мириса свежо, чисто и пријатно и нема да забележите ниту еден инсект.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар