Едноставен тест кој ги открива тајните кои се кријат во вашите отпечатоци од прсти
1. Едноставен образец во форма на лак
Оваа форма открива личност која е многу трудољубива и која добро забележува детали. Вие многу внимателно размислувате и планирате и целосно го вложувате вашето срце во сè што правите. Вие ги цените правилата и насоките. Најчесто сте приземјени и имате голема почит во вас. Ретко ризикувате и не сакате драма.
2. Образец во форма на шатор
Вие сте импулсивни, креативни и непредвидливи. Секогаш сте во хармонија со надворешниот свет, па токму затоа во еден момент можете да бидете добро расположени, а веќе во следниот да сте повлечени и срамежливи. Сè зависи од околината и ситуацијата. Вие не се плашите од препреки и предизвици, па токму затоа и често преземате ризици.
3. Образец во форма на кружна јамка
Вие сте многу опуштени и нежни личности. Често имате тенденција да бидете полни со љубов и слатки. Бидејќи сакате спонтаност, мразите распореди, но сепак тие ви помагаат полесно да се снајдете во вашето секојдневие. Лесно забележувате детали и сте многу љубезни.
4. Образец во форма на радијална јамка
Вие сте целосна спротивност од личностите со претходниот образец. Вие сте многу независни, обожавате да поставувате прашања и да анализирате. Често сте смели, понекогаш дури и бунтовни, но длабоко во себе имате нежно срце. Овие личности најчесто се силни лидери и луѓе кои одлично проценуваат нечиј карактер.
5. Образец во форма на концентричен вртлог
Овој образец ни открива силен и детерминиран карактер. Вие сте со голем натпреварувачки дух и секогаш знаете што сакате. Бидејќи не сакате да бидете контролирани, вие не се плашите гласно да го искажете своето мислење и силно да се борите за себе или другите. Вие сте лојални пријатели.
Сè уште не го најдовте вашиот образец? Преминете на следната страница…