Едноставен психолошки тест: Дали се сакате себеси?
Сите слушаме колку е важно да се сакаме себеси онакви какви што сме, но понекогаш тоа не е толку едноставно. Исто така може да биде тешко да одредите дали навистина се сакате себеси, но тестот во продолжение ќе ви помогне во тоа. Прашањата се навистина едноставни, но важно е да одговарате искрено и без многу размислување. Потребни ви се лист и пенкало и само неколку минути.
На секоја изјава треба да одговорите со „секогаш“, „понекогаш“ или „никогаш“ и притоа ставете 1 поен за секогаш, 2 за понекогаш и 3 за никогаш.
1. Ми се допаѓа мојот изглед.
2. Сигурен/на сум во своите способности.
3. Се сметам за добра личност.
4. Не жалам за своите грешки. Поради нив сум личноста којашто сум денес.
5. Не им завидувам на другите.
6. Не се споредувам со другите.
7. Се сметам за добронамерна личност.
8. Ги сакам своите години.
9. Ја сакам својата професија.
10. Сакам кога некој ќе ми даде комплимент.
Резултати
0-12 поени: Безусловна љубов
Ова е добар резултат кој покажува дека знаете да се сакате безусловно. Се прифаќате онакви какви што сте, не барате недостатоци и сигурни сте во вашата единственост и оригиналност. Вие сте личност способна за сè. Одлучни сте и професионални во вашата област. Успехот за вас е неизбежен и вие сте одличен родител кој може да одгледа дете полно со љубов и разбирање. Само продолжете така.
13-20 поени: Се барате себеси
Како и повеќето луѓе, така и вие се сомневате во вашите способности. Меѓутоа се обидувате да научите како да се сакате и да се прифатите. Вложувате напор да го добиете ова најважно чувство. Вие сте на вистинскиот пат. Обидете се почесто да се слушате себеси и вашите желби и потпрете се на вашето здраво расудување.
Над 21 поен: Имате проблем
За жал, вие воопшто не се сакате себеси. Можеби причината е тешкото детство поради кое сте научиле да се вклопувате со другите. Исто така постојано се сомневате во себе и во вашите одлуки и избори. Уште веднаш почнете да кажувате што ви се допаѓа, а што не и правете го она што го сакате. Наскоро вашата ситуација ќе се промени на подобро.
Доколку не ви се допаднаа резултатите од тестот, погледнете како да ја развиете љубовта кон себе.