Едноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени животот

Едноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени животот

Сигурно повеќе пати сте чуле дека ако сакате да внесете промена во вашиот живот, прво мора да го промените начинот на размислување. Не треба да се фокусирате на негативните работи, да се споредувате со другите, да озборувате и да се жалите. Звучи лесно, нели? Многу луѓе цврсто веруваат дека се оптимисти и дека имаат само позитивни мисли, па според тоа се сметаат за среќни луѓе. Ако вие сте едни од нив, само продолжете така и понатаму! Меѓутоа ако сакате да проверите колку навистина сте ослободени од негативните мисли и по можност да го насочите начинот на размислување во попозитивен правец, пробајте го овој едноставен експеримент.

Едноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени животот

Предлогот на психологот Вил Боуен е да носите виолетова алка 21 ден без да се пожалите. Секогаш кога ќе се пожалите ќе мора да ја префрлите алката на другата рака и да почнете од почеток. Според многу психолози, виолетовата боја го стимулира мозокот, ја намалува анксиозноста и нервозата, а 21-от ден е доволно време за да воведете нова навика во вашиот живот.

Боуен самиот признава дека успеал да ја износи алката на една рака 21 ден дури по три месеци постојани обиди и неуспеси, а на повеќето луѓе потребни им се 5 до 6 месеци за да ја постигнат целта. Првите неколку недели ќе ја префрлате алката 10 до 20 пати на ден, што потоа ќе се претвори во еднаш дневно, а за неколку месеци во еднаш неделно. Овој метод се покажал како толку успешен што милиони луѓе во светот го пробале.

Во периодот кога ја носеле алката луѓето научиле да ги забележуваат позитивните работи за нив и за светот околу нив. На крајот сфатиле дека животот и не е толку лош и дека секојдневно се опкружени со навистина интересни и позитивни нешта. На почетокот потребно е да се вложи многу труд за да се забележат овие работи, но чекор по чекор намерно ќе почнете да одбирате да ги гледате само убавите работи околу вас.

Поставете си го себеси следново прашање: Подготвени сте да го пробате овој експеримент кој може да ви го промени животот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар