Едноставен начин да ги претворите старите чевли во свечени и модерни со помош на неколку детали

Едноставен начин да ги претворите старите чевли во свечени и модерни со помош на неколку детали

Ако имате еднобојни чевли кои одамна ви досадиле, а потребно ви е нешто ново, убаво и интересно за некоја свечена прилика, тогаш сте на вистинското место. Особено ако ги сакате „направи сам“ проектите, задолжително погледнете го овој едноставен начин за кој ви е потребна мала сума пари, а ќе добиете нешто што сите останати го немаат.

1-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_

Потребни материјали:
  • Лента чипка
  • Сребрени, пластични каменчиња
  • Златни, ситни, пластични каменчиња
  • Супер лепило
  • Ножички
  • Чепкалки за заби
  • Чевли, по можност во беж боја.

2-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_

1. Исечете ја чипката со соодветна должина за да ја прекрие целата пета и штикла, па со помош на лепило залепете ја.

3-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_

2. Кога ќе се исуши лепилото, на ред доаѓаат каменчињата.

4-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_

3. Со помош на чепкалките за заби, нанесете лепило на секое од каменчињата, па залепете ги на чипката.

5-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_

4. Каменчињата наредете ги по сопствена желба, но не заборавајте дека малку е повеќе и дека чевлите треба да изгледаат елегантно, а не да бидат кич.

6-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_

Работата е завршена.

7-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_

Вашите стари нови чевли сега се идеални за приликите во кои сакате да изгледате елегантно, но и уникатно.

8-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_

Доколку барате чевли за венчавка, а немате ништо што ви се допаѓа, сега знаете како можете самите да ги направите.

9-ednostaven-nachin-da-gi-pretvorite-starite-chevli-vo-svecheni-i-moderni-so-pomosh-na-nekolku-detali-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар