Едно семејство ѝ го спасило животот на една страчка, а таа сега им е најдобар пријател и не сака да ги напушти
Семејството Блум од Њупорт, Австралија, нашло една страчка стара три недели која се борела за живот во близина на градската библиотека и ја зеле да ја вратат во живот. Откако успеале во тоа ја пуштиле слободно да одлета назад, но страчката одбрала да се враќа кај нив одново и одново. Тие ја спасиле и затоа сега имаат доживотен пријател во оваа птица.
Страчката чека тие да ја напуштат куќата наутро за да одлета некаде, а попладне кога се враќаат од работа и училиште таа ги чека дома и мавта со опашката и крилјата од возбуда. Исто како да е куче. Има и вистинско птичјо име – Пингвин.
Пингвин цело време си игра со децата, ги дружи кога гледаат телевизија, скока на трамполина, а наутро им долетува на креветот и сака да се гали со нив.
Ако тие плеснат со рацете и таа го прави истото со крилјата.
Не ја држат во кафез како што најчесто се чуваат птиците – домашни миленичиња, туку има слобода да одлета каде што сака. Постојано ја надлетува куќата и не дозволува други страчки да се доближуваат и да ги вознемируваат нејзините пријатели, носи дома свои пријатели-страчки, си игра со сите, прави што ѝ душа сака и го радува семејството Блум со своето несекојдневно пријателско однесување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.