Еднаш се живее: Неколку луѓе ја откриваат најлудата одлука што некогаш ја донеле

Еднаш се живее: Неколку луѓе ја откриваат најлудата одлука што некогаш ја донеле

Многу е возбудливо кога ќе решите да се ослободите од сите ваши ограничувања и да направите нешто лудо. Понекогаш овие ризици и авантури се претвораат во прекрасно искуство, а некогаш завршуваат со урнебесна приказна. Прочитајте која е најлудата одлука на овие неколку луѓе што на крајот ги вовлекла во незгодна ситуација…

Еднаш се живее: Неколку луѓе ја откриваат најлудата одлука што некогаш ја донеле

Несуден талент

„Решив да се пријавам на аудиција за мјузикл на факултет, иако немав никакво музичко и театарско искуство. Изгубив облог и сето тоа требаше да биде смешно. Си реков дека само ќе се појавам, ќе направам будала од себе и ќе им ја раскажам смешната приказна на пријателите. Испадна дека театарската програма одржува отворени аудиции каде што секој може да дојде во театар и да гледа. Станувало збор за огромен настан што се случувал 2 пати во семестар, ама никогаш не се интересирав за театарската програма, па затоа не знаев за ова. Се појавив во преполна сала, а не можев да се откажам, бидејќи сите мои пријатели беа таму и морав да ја пеам песната ’Memory’ од ’Мачки’ (нивен избор). Тоа беше најболното и најсрамното искуство во мојот живот. Сите во театарот молчеа. Дури и моите пријатели беа засрамени. Сега ми е смешно, ама бев премногу засрамен пред 9 години.“ – Боби, 29

Не прифаќајте алкохол од непознати!

„Кога студирав во Италија, стекнав мала група пријатели кои сакаа да излегуваат и да се забавуваат што е можно повеќе. Сите пиевме по цело шише вино за да не мораме да плаќаме за пијачки, бидејќи сите бевме ’стиснати’ и одевме од клуб во клуб. Една вечер се враќавме дома пијани и еден дечко се појави од нигде никаде и нѐ праша дали сакаме бесплатен алкохол. Сега знам дека тоа звучи сомнително, и дефинитивно беше, ама тогаш сите се израдувавме и ја прифативме понудата. Нѐ носеше низ еден куп испревртени улички и на крајот завршивме во нешто што изгледаше како клуб, ама беше целосно празен. Нѐ однесе долу во подрум, каде што владееше мртва темница, освен неколкуте снопови светлина и ни извади шише просеко. Буквално бевме единствените луѓе во целото место, покрај диџејот.

Одеднаш, од нигде никаде, се појавија неколку луѓе со шишиња со неонска боја и почнаа да викаат нешто на италијански. Никој од нас не го познаваше добро јазикот, а и музиката беше премногу гласна, па затоа само кимнувавме со главата. Луѓето почнаа да нѐ прскаат со боја, да ни ја размачкуваат по лицата, рацете и облеката и потоа се обидоа да танцуваат со нас. Беше многу бизарно! На крајот, си ги довршивме пијачки и излеговме што е можно побрзо, бидејќи бевме убедени дека ќе завршиме мртви во некоја уличка и ќе нѐ има по весници. Смешно е тоа што клубот навистина го имаше по весници наредниот ден. Наводно, бил затворен поради огромно избивање на менингитис. Престанавме да земаме бесплатен алкохол од непознати луѓе после ова.“ – Кристина, 23

Еднаш се живее: Неколку луѓе ја откриваат најлудата одлука што некогаш ја донеле

Тетоважа за паметење

„Кога имав 21 година и одев на факултет, отидов да посетам една пријателка од детството која учеше во близина. Излегов со неа и нејзиното друштво, цела вечер пиевме и одевме по барови. Додека се враќавме кај неа дома во 3 часот наутро, поминавме покрај тату студио и еден од нејзините другари рече ’Јас работам тука, ајде да влеземе!’. Испадна дека тој бил рецепционер, а не тату артист. Но, еднаш се живее, па така сите завршивме со тетоважи во форма на срце на нашите стапала.“ – Марија, 27

Љубов на прв лет (или сепак не)

„Еднаш летав со ужасен авион и ги доживеав најлошите можни турбуленции. Единствената добра страна беше тоа што седев до многу привлечен маж. Во нормални услови, никогаш не би започнала разговор, но бидејќи бев многу исплашена, си реков ’Зошто да не, сега имаме за што да разговараме’, па му кажав дека мразам турбуленции и така почнавме да зборуваме и да се смееме. Навистина ни тргна муабетот, но на крајот мене ми стана лошо и морав да повратам. Проблемот беше во тоа што не ни дозволуваа да станеме од седиштата. Па така, морав да ја извлечам кесата за повраќање од неговото седиште (моето немаше) и да си ги истурам цревата цели 2 минути, додека тој само седеше и се обидуваше да не поврати. Но, ми го зема бројот и сега сме заедно! Се шегувам, не ми прозбори остатокот од летот.“ – Мими, 26

Еднаш се живее: Неколку луѓе ја откриваат најлудата одлука што некогаш ја донеле

Авантурист во душа

„Сакав да импресионирам една девојка од факултет. Сите нејзини поранешни момчиња беа авантуристи, па затоа сакав да направам нешто што ќе остави впечаток. Додека бевме на летен распуст, ја поканив да одиме на банџи-скокање. Не во забавен парк, туку на еден вистински мост високо на планините што го организираа неколку студенти по инженерство. Беше високо околу 45 метри и јас скокнав прв, но по скокот, бев толку преплашен што не можев да зборувам. Потоа, таа скокна и беше комплетно рамнодушна. Таа сега е во врска со професионален каскадер, а јас работам во канцеларија. Сепак, останавме пријатели!“ – Дени, 29

Не толку Магичен Мајк

„Јас и моите пријателки за прв пат отидовме на машки стриптиз. Очекувавме нешто во стилот на Магичниот Мајк. Наместо тоа, добивме згодни мажи во разни костими (пожарникар, бизнисмен) кои танцуваа многу кратко и потоа се обидуваа да нѐ убедат да платиме за приватен танц до крајот на вечерта. Воопшто не испадна така како што очекувавме и половата нерамноправност е навистина изразена во оваа област.“ – Катерина, 26

Еднаш се живее: Неколку луѓе ја откриваат најлудата одлука што некогаш ја донеле

Маратонка без кондиција

„Минатата есен решив да трчам полу-маратон иако воопшто не сум во форма. Беше за хуманитарни цели, сите мои пријатели се пријавија, јас само што дипломирав, па затоа сакав да си поставувам нови предизвици. Немам вишок килограми, но никогаш не вежбам и немам кондиција. Знаев дека ќе биде тешко, но не и ужасно. Испадна дека е ужасно. Морав да застанам покрај медицинските шатори 2 пати и тие за малку немаше да ми дозволат да ја довршам трката. Морав да земам 2 слободни дена од работа за да заздравам. Моите пријатели обожаваат да ми се смеат поради тоа и смешно е, ама фала му на Господа што не се случи ништо ужасно. Наравоучение: Маратоните се супер, ама пријавете се само доколку навистина сте се подготвувале за нив!“ – Ана, 23

Екстремно планинарење

„Јас и другарка ми патувавме низ Скандинавија и имавме еден ден во Ставангер, Норвешка. Другарка ми навистина сакаше да се искачи на Прекестулен, а тоа е голема карпа висока 600 метри од каде што има неверојатен поглед, но врнеше и не бевме сигурни дали тоа е добра идеја. Зборувавме со една од вработените и таа нѐ убеди дека луѓето постојано се качуваат на карпата додека врне и дека нема за што да се грижиме. Иако бевме скептични, си рековме ’еднаш се живее’, бидејќи знаевме дека тоа ќе ни биде единствената прилика да ја видиме карпата. Искрено, тоа беше ужасна идеја.

На половина пат почна да истура и од нигде никаде стана толку ладно што можевме да си го видиме здивот. Другарка ми заборави да ми спомне дека се плаши од височина и ме зграпчи за грб додека се искачувавме по кривите рабови на карпата. Кога конечно стигнавме до Прекестулен 2 часа подоцна, беше толку облачно и магливо што не можевме да видиме ништо, така што ништо од неверојатниот поглед. Кога се симнувавме надолу, се лизнав од работ на карпата, ја изгребав ногата и си ги скинав панталоните, а имавме уште 2 часа одење. Кога конечно стигнавме долу, имаше огромен црвен знак пред патот кој ги предупредуваше луѓето да не се качуваат, затоа што било екстремно опасно и имало луѓе кои го загубиле животот поради тоа што се качувале на вакво време. Бевме толку исцрпени и целата случка беше толку неверојатна, што не можевме да престанеме со смеење додека се враќавме во градот.“ – Михаела, 22

Доколку ви се допаднаа овие исповеди, прочитајте и кои се најдобрите животни одлуки што овие луѓе ги донеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар