Една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз

Една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз

Убаво е да се биде богат и да не се размислува за тоа колку пари се трошат за намирници, за гориво или за патни трошоци… Но, богатите размислуваат и за тоа, иако ваквите планирања нив помалку ги оптеретуваат од „обичните смртници“.

Една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз

Замислете, живеете во една од најбогатите земји, а надлежните уште најавуваат дека се воведува и бесплатен јавен превоз низ целата држава – со трамваи, автобуси и возови, а вие само си помислувате, „Ах, колку е убав животот!“…

Властите на малата, но богата европска земја Луксембург, решиле од 1-ви март 2020 година јавниот превоз за нивните жители да стане целосно бесплатен. Целта е да се намали загадувањето затоа што, според Евростат, Луксембург има најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ, така што властите сакале да ги охрабрат граѓаните да го користат јавниот превоз колку што е можно повеќе.

Луксембург, еден од основачите на ЕУ, со тоа станува првата земја што ќе има бесплатен јавен превоз. Досега, само некои градови, како што е главниот град на Естонија, Талин или Данкирк во Франција, одлучиле да го сторат тоа.

Иако, многу луѓе од некои социјални категории како студентите или лицата под 20 години веќе патуваат бесплатно, многумина ќе имаат корист од овој проект бидејќи превозот дополнително и ќе се модернизира.

Можеби сакате да дознаете и која европска земја беше најдобра за живеење и работа во 2019 година?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар