Единствената реченица што може да им стави крај на сите озборувања еднаш засекогаш

Единствената реченица што може да им стави крај на сите озборувања еднаш засекогаш

Сите сме чуле реченици од типот „Виде ли што таа носеше вчера на свадбата?“, „Слушнав дека раскинале“, „Знаеш дека тој всушност бил вработен преку врски?“. И на сите ни се случило да учествуваме во секојдневните „трач“ разговори. Луѓето обожаваат да озборуваат и да шират гласини. Неодамнешните истражувања откриле дека дури 80% од нашите разговори се состојат од дискусии за приватните животи на другите луѓе.

Единствената реченица што може да им стави крај на сите озборувања еднаш засекогаш

Зошто луѓето озборуваат?

Според психолозите, главната причина зошто го правиме тоа е нашата желба да си го олесниме процесот на градење социјални односи со луѓето. Работите што не им се допаѓаат на две или повеќе лица се помоќна алатка за зближување од нивните заеднички интереси и работи што им се допаѓаат. Освен тоа, луѓето чувствуваат едно посебно задоволство кога споделуваат доверливи информации за другите. Тие обожаваат да зборуваат за туѓите неуспеси и грешки, бидејќи на тој начин се споредуваат себеси со луѓето кои се полоши од нив.

Како да го сопреме озборувањето?

Озборувањето е насекаде и не можеме да ги одвикнеме луѓето од оваа навика. Но, психолозите откриле едноставна реченица што веднаш може да го сопре овој лош начин на разговор. Секогаш кога некој ќе се обиде да ве вовлече во негативна дискусија за друг човек, поставете го следново прашање: „Зошто ми го кажуваш ова?“

Реченицата делува многу просто, но го постигнува саканиот ефект. Ова прашање го елиминира секој себичен мотив на озборувачот и му помага да разбере дека вие не сте заинтересирани да водите таков разговор.

Озборувањето не е безопасна навика. Зборовите се многу моќни. Ширењето гласини и лаги за луѓето може да остави ужасни последици на нив. Никогаш не заборавајте дека кога озборувате, вие повредувате некого, без разлика дали тоа е директно или индиректно. Нареден пат кога некој ќе се обиде да ве наведе да озборувате, сетете се дека едноставната реченица како „Зошто ми го кажуваш ова?“ може да го спречи ширењето на лошите гласини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар