Еден наставник случајно наишол на мечиња „кои танцуваат“ додека се шетал во шума во Финска, па се вчудовидел од неверојатната глетка
Наставникот по физичко образование, Валтери Мулкхаинен од Соткамо, Финска, многу време поминувал со својот фотоапарат. За последниве 7 години, Валтери го фотографирал дивиот свет на својата земја и овековечил многу волшебни моменти. А, ова е приказна токму за еден од нив.
На 3 јуни 2013 година, Валтери планира да ја истражи финската тајга околу градот Мартинслконен. Додека тој ја истражувал областа, забележал како една мечка излегува на ледината со неколку мали мечиња.
Младенчињата се однесувале како мали деца, според очевидецот. Тие играле, па дури и се бореле меѓусебно, па тој се чувствувал како да е на игралиштето пред неговата куќа каде имало многу деца. Мечињата колку многу го потсетиле на мали деца. Во еден момент, трите застанале на задните нозе и почнале да се туркаат едно со друго. Како да танцувале во круг.
Валтери бил сокриен на оддалеченост од 50 метри и имал совршен поглед, па ги сликал младенчињата со мечката цела вечер.
Мечките се широко распространети во финските шуми. Тие се многу агилни и силни животни. Вешто ги користат прстите при лов и за искачување. Покрај тоа, тие се многу добри пливачи и алпинисти.
Сепак, фактот што Валтери успеал да добие вакви убави фотографии од ова животинско семејството е навистина фасцинантен. Мечките обично ги избегнуваат луѓето на секој начин. Луѓето ретко ги среќаваат во дивина бидејќи овие животни скоро секогаш се повлекуваат веднаш по насетувањето на човечко присуство. Изострените сетила и способноста тивко да се движат ги прави совршено умешни во сокривање.
Можеби сакате да ја прочитате и приказната за верчеричката која има свое мече и ја обожува модата! Запознајте ја Џил: верверичката трендсетерка!