Ед Вествик – миленикот на женските срца
Автор: Бојана Мандевска
Ед е млад и згоден актер кој од ден на ден сѐ повеќе ја привлекува публиката ширум светот. Неговото најголемо досегашно филмско достигнување, е улогата на Чак Бес во ТВ серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl) и лик по кој многумина го препознаваат. Неговиот нежен, но многу специфичен лик, сексапил и шармантност со интересна доза на дрскост, се причина токму тој да биде „сон“ на многу девојки. Неговата појава не остава никого рамнодушен.Неговото вистинско име е Едвард Вествик. Овој млад убавец е роден на 27 јуни 1987 година во Стивенејџ, Хертфордшајр, Англија. Висок е 175 см и е рак во хороскоп. Наспроти улогата на дрскиот срцекршач Чак, кој секогаш ја држи чашката алкохол в рака, има екстремно богатство од својот татко и учеше во приватна гимназија, Ед потекнува од скромно семејство и учел во локалното училиште. Тој е најмладиот член во семејството Вествик, има двајца постари браќа и за себе вели дека е најфиниот во фамилијата.
Неговиот татко држи универзитетски часови по бизнис, а мајка му е психолог. И покрај тоа што учел бизнис, право и комуникација, еден двонеделен летен курс по глума во Националниот младински театар во Лондон, му дал нова амбиција во животот. Инаку, негова работа од соништата е да биде дизајнер на градини. Поддржувач е на фудбалскиот клуб Челзи.Во врска со споредбата на неговиот карактер, со ликот на Чак, тој вели:
„Постојат многу повеќе разлики, отколку сличности помеѓу мене и Чак. Кога имав 17 години, можеби имав одредени особини кои ги поседува и Чак, но во сосема поинаков контекст. Јас не потекнувам од Апер Ист Сајд и ги немам желбите кои ги има Чак. А да, исто така јас немам еден куп девојки. Јас сум добро момче. Девојките го сакаат Чак, а не мене, бидејќи тие ги сакаат „лошите“ момчиња. Она што најмногу ме нервира во врска со работата во „Озборувачка“ е тоа што морам да се бричам секој ден.“
А како изгледа неговиот ноќен живот во Лондон?
„Целото брмчење во градот ме возбудува. Јас сум „ноќна птица“ така што обожавам да излегувам. Секогаш можам да го почувствувам потенцијалот на вечерта, особено во текот на летниот период. Кога сонцето ќе излезе, девојките облекуваат убави фустанчиња. Таков е летниот Лондон: сета насобрана енергија која се криела и се крчкала под земјата 8 месеци од годината, конечно излегува на површина, заедно со изгревањето на сонцето.“
„Доколку сакам да излезам надвор, да пијам и да ја фрлам чашата на улица, јас и ќе го сторам тоа. Тоа би го направил од причина што сакам да се забавувам, а не бидејќи сакам да создадам некаква тензија околу мене. Во тој случај би бил ку*наз, а не сум.“
Неговата кариера започнала со појавувањето во филмот „Doctors“ како Холден, потоа следува ликот на Џони во „Casualty“ и ликот на Дарен во „Afterlife“. Треба да се споменат и неговите појавувања во филмовите „Breaking and Entering“, „Children of Men“ и „Son of Rambow“.Неговото појавување во „Gossip Girl“ како Чак Бес е клучната улога во неговата кариера. Од 2007 година, благодарение на успешното претставување на ликот на Чак, Едвард бележи големи успеси во својата кариера. Во 2008 година е номиниран за најсекси маж во списанието „People“, а се појавува и на листата на 100 најубави луѓе заедно со екипата од „Gossip Girl”. Потоа следуваат наградите за најдобар „TV Villain“ (ТВ никаквец) на „Teen Choice Awards“ (Изборот на тинејџерите) и во 2010 година наградата за „Breakthrough Talent“ (Пробивен талент) од машкиот магазин „GQ“. Понови негови филмски остварувања се улогите во „Chalet Girl“и „J. Edgar“ во 2011 година, а во 2012 се очекува неговото појавување во филмот „Romeo and Juliet“ во улога на Тибалт. Тој е заштитно лице на модниот бренд Penshoppe.Освен што е успешен актер, тој е одличен музичар. Ед е фронтмен на петчлениот британски инди рок бенд „The Filthy Youth“. Музиката за него е синоним за слобода, добар начин за да пренесеш порака.
„Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е само она што го гледаме, туку она што се случува во нашата глава. Музиката е она коешто произлегува од нашата потсвест. Музиката е моето ослободување.“
Во фотографиите на Вествик, честопати може да се забележи дека тој сака да ги покажува своите гради низ раскопчаната маица. Во врска со тоа тој вели му се допаѓа покажувањето на дел од неговите влакнести гради и дека тоа е неговиот заштитен знак.Во врска со очигледната хемија помеѓу него и неговата колешка Лејтон Мистер во „Озборувачка“ тој објаснува:
„Јас сум лудо заљубен во Лејтон. Тоа е она што помага за чувствување на таа енергија од моја страна. Ја сакам толку многу што таа не ни мора да биде вљубена во мене. Ја сакам доволно, таа е моја. Неизмерно сум близок со неа, Лејтон е прекрасна девојка.“
Вествик започна љубовна врска со неговата колешка од „Озборувачка“, Џесика Шор (Ванеса) при крајот на 2008 година. Тие се разделија во мај 2010 година, а Ед изјави дека девојките му предизвикуваат главоболка, но накратко тие се смирија во текот на снимањето на четвртата сезона од „Озборувачка“ во август, 2010. Во февруари 2012 година, Вествик и Шор официјално ја обновија нивната љубовна врска.На Ед му се допаѓа гламурозниот инди рок изглед. Тој на моменти има детско однесување, страстен е и помалку луд. Горд е на тоа што е романтичар и смета дека можеби е и еден од последните.
„Слаба точка ми е вратот – кога девојките се премногу блиску до мојот врат, луди работи почнуваат да се случуваат.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Bi sakala da vidam so ke mu se sluci ako mu se priblizam do vratot 😀
Sea ne razbrav, so ednata (Jessica) e vo vrska, a vo drugata (Layton) e zljuben?!
Бљак! Како некој мајмун е!
Darky, се надевам дека си девојка зошто мислев дека сум единствена на која не и се допаѓа.