Ѕид со крофни: Нов свадбен тренд што ги освојува срцата на сите гости

Ѕид со крофни: Нов свадбен тренд што ги освојува срцата на сите гости

Свадбените торти долго време се главните „ѕвезди“ на веселбите насекаде низ светот кога станува збор за слаткото задоволство. Тие најчесто доаѓаат на крајот од свадбата и треба да внесат радост меѓу гостите. Невестите со денови размислуваат за нивниот вкус, облик, декорација… Но, сега еден нов тренд го зазема центарот на вниманието на веселбите и прославите – ѕид со крофни!

Неверојатно задоволство за сите сетила

Неверојатно задоволство за сите сетила

Неверојатно вкусните крукчиња, со или без прелив, закачени на специјален ѕид се новата свадбена атракција. Со оглед на фактот дека ретко кој може да одолее на овие слатки задоволства, се чини оти тортите можеби нема целосно да се заборават, но ќе треба да го делат првото место на пиедесталот со нивните големи конкурентки – крофните. Доколку ви се допадна новиот тренд, ние ви нудиме неколку идеи како да внесете свежина и новитет на вашата свадба, роденден или каква било друга забава, а гостите ќе бидат пријатно изненадени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар