Џеј Ло е дефинитивно кралицата на долгите шлицoви
Автор: Сара Турановиќ
Латино дивата Џенифер Лопез секогаш се труди на црвениот тепих да изгледа сексапилно и гламурозно. И секогаш тоа ѝ оди од рака. Дури и во својата 45-та година. Во што е нејзината тајна? Можеби во долгиот шлиц? Еве како таа го носи со години.
Fashion Rocks, 2014
Долго се зборуваше за провокативниот црн фустан со златни детали од колекцијата на Версаче, кој Џеј Ло го облече на свеченоста „Fashion rocks“.
Наградите на Ем-ти-ви, 2014
Фустанот на Шарбел Зои, кој го носеше Џеј Ло на доделувањето на наградите на Ем-ти-ви беше еден од најсмелите. Фустанот од сребрени циркони освен долгиот шлиц има исечен горен дел кој го истакна нејзиниот совршено затегнат стомак дури и во 45-та година од нејзиниот живот.
Музичките награди Билборд, 2014
Со избраникот Каспер, се појави во црвен фустан од Дона Каран со долг шлиц на средина.
Жена на годината според Гламур, 2014
На овој настан таа ја прими наградата за жена на годината која ѝ ја додели Донатела Версаче. Но, исто така Џеј Ло носеше нејзина креација. Овој пат тоа беше поромантична комбинација, но сепак нозете во прв план!
Наградите Греми, 2013
Познатата поза и поглед. Многу од нив коментираа дека овој фустан на Ентони Вакарела, многу потсетува на зелениот фустан на Версаче кој Џеј Ло го носеше на доделувањето на наградите на Ем-ти-ви во 2000 година.
Наградите Греми, 2010
Уште една креација на Версаче и длабок шлиц.
Американските музички награди, 2011
Уште еден долг шлиц, но за разлика од останатите креации многу поскромен.
Златен глобус, 2015
Последниот долг шлиц од Џеј Ло го видовме на црвениот тепих на доделувањето на Златен глобус.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.