Џ. К. Роулинг го изгубила статусот на милијардер, поради својата дарежливост

Џ. К. Роулинг го изгубила статусот на милијардер, поради својата дарежливост

Џ. К. Роулинг во 2011 година била дел од најбогатите личности во светот, но од тогаш, нејзиното богатство се намалува, при што таа повеќе не е милијардер. Форбс ја објавил својата годишна листа на милијардери во светот, но името на авторката на Хари Потер, не било таму. Таа била една од 129-те луѓе кои се отстранети од листата оваа година, но нејзината причина е малку поинаква од онаа на останатите. Заминувањето од листата на оваа 51-годишна авторка се должи на нејзините големи донации за добротворни цели, како и на големите британски даноци кои таа треба да ги плати.

Џ.К. Роулинг го изгубила својот статус на милијардер, поради нејзината дарежливост

Добротворната работа на Џ. К. Роулинг

Форбс, кој составува листа на милијардери повеќе од 20 години, вели дека намалувањето на богатството на Роулинг главно е поврзано со нејзината хуманитарна дејност, која значајно ја намалила нејзината банкарска сметка. Многу луѓе би биле тажни кога би го загубиле статусот на милијардер, но Џ. К. Роулинг не жали за нејзините одлуки, напротив, таа е многу горда за нејзиниот избор.

„Вие имате морална одговорност кога ви е дадено повеќе отколку што ви треба, да направите мудри работи со тоа и да давате паметно“, вели Роулинг.

Нејзините зборови се инспиративни и многу луѓе имаат почит кон оваа талентирана авторка. Таа е една од ретките личности која може да биде блиска со оние кои се борат со финансиски проблеми, како да е во слична позиција. Пред да биде објавен Хари Потер, оваа авторка се борела едвај да сврзе крај со крај. Истовремено таа се соочила со развод, но сепак, не се откажала и продолжила да ги остварува своите соништа. Во еден момент, таа Хари Потер го пишувала на салфетки во кафулиња. На крајот, нејзината одлучност се исплатела, а таа брзо се претворила од невработена самохрана мајка во првата авторка милијардер на сите времиња. Ова може да има влијание врз нејзината одлука да донира многу пари во добротворни цели.

Џ.К. Роулинг го изгубила својот статус на милијардер, поради нејзината дарежливост

Нејзините главни корисници се добротворни организации кои им помагаат на семејствата со еден родител, нудат објекти за бесплатни згрижувања и им помагаат на самохраните родители да се вработат или да се образуваат. Таа исто така дава и на други добротворни организации кои се поврзани со децата, неписменоста, сиромаштијата и мултиплекс склерозата. Џ. К. Роулинг има напишано и три книги за добротворни цели. Поради нејзината добротворна работа, таа сега е милионер, наместо милијардер. Па, не може повеќе да се наоѓа на листата на Форбс, но нејзината дарежливост им го смени животот на илјадници луѓе. Таа е инспирација за сите, а ако секој биде како неа, тогаш светот би бил многу подобро место за живеење. Ти благодариме, Џ. К. Роулинг!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар