Два основни видови карактери кои нè обликуваат како личности
Дали имате навика да ги избегнувате предизвиците или да се соочувате со нив? Дали трудот и упорноста ги сметате како пат до успехот или залудно трошење време?
Ова е едноставен, но корисен приказ на двата сосема спротивни карактерни особини кои нè обликуваат како личности. Каде се пронаоѓате себеси, во левата или десната колона?
Статичен менталитетИнтелигенцијата е статична Води до желба да се изгледа паметно и има тенденција да: |
Растечки менталитетИнтелигенцијата се развива Води до желба да се надградуваат сопствените знаења и интереси и затоа има тенденција да: |
Избегнува предизвици | Ги прифаќа предизвиците |
Лесно да се предаде пред препреките | Да биде отпорен и издржлив на препреките |
Вложувањето напор го гледа како залудно и без цел | Вложувањето напор го гледа како пат до успехот |
Не може да поднесе критика и го игнорира негативниот фидбек што го добива од другите, иако е добронамерен | Учи од упатените критики |
Се чувствува загрозено поради туѓиот успех | Успехот на другите го гледа како инспирација и поука |
Како резултат нема да го достигнат својот потенцијал и многу рано во животот ќе застанат на статична точка која не води до напредок. Ова е одраз на детерминистички поглед на светот, односно покорување на силата и законите на природата, верувајќи дека човекот е немоќен да влијае. | Како резултат постигнуваат високи и важни успеси во животот. Ова им дава чувство на моќ и слободна волја. |
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Дефинитивно во десната. 🙂