Духовното значење на бројот 11 и на датумот 11.11

Духовното значење на бројот 11 и на датумот 11.11

Дали некогаш сте се почувствувале привлечени кон бројот 11, или пак кон низи како 11.11? Дали можеби често забележувате 11.11 на вашиот часовник? Дали ова ви се случува на разни места, како сметки, регистрации на автомобили и слично?

duhovnoto-znachenje-na-brojot-11-i-na-datumot-11-11-kafepauza.mk

Ова не е случајност, туку повик од универзумот кој сака да ви каже за промената или духовното будење кое ви претстои. Бројот 11 е навистина посебен број во универзумот. Според нумерологијата, 11 е поврзан со особините како трпеливост, искреност, духовност, чувствителност и интуиција. Многу често овој број се смета за идеален.

Наречен е Главен број бидејќи има небесна вибрација која прави желбите и соништата лесно да се остварат. Се верува дека 11 е бројот на духовното будење и го симболизира проширувањето на свеста. 11-тиот ден од 11-тиот месец станува многу посебен бидејќи вибрацијата на бројот 11 станува посилна.

1111 е бројот на небесните суштества, кој го користат за да комуницираат со нас, да ни помогнат да одиме по нашиот пат и да нè водат кон посветла иднина. Па поради ова, 1111 е поврзан со одење по нашиот пат и вибрирање на фреквенцијата на нашите желби и соништа.

Како да ја постигнете оваа фреквенција на 11.11?

Можете да направите многу едноставен ритуал или пак доволно е само да посветите внимание на работите кои сакате да ви се остварат во животот.

Значењето на 2017-та година

2017-та година се смета за година број 1 во нумерологијата. Поради ова главниот фокус на 11.11.2017 година е нови почетоци во нашите животи. За многумина периодот меѓу 2016-2017 година бил вистинска луда железница со големи промени. Овие луѓе многу се промениле, многу созреале, но и многу научиле. За други не се манифестирале големи промени кои се забележуваат на површина.

Па, овој ноември време е да му оддадете почит на вашето минато, да ја прифатите сегашноста и да научите како да почнете ново патување. Ослободете се од мислите кои ве спречуваат и продолжете со насмевка. Синхронизирајте се со желбите на вашето срце бидејќи е време да бидете полни со позитивност.

За да извлечете најмногу од 11-тиот ден од 11-тиот месец, направете го овој едноставен ритуал. За најдобри резултати, направете го ритуалот во 11.11 часот, но сосема во ред е и ако го направите во кое било друго време од денот.

1. Почнете да пишувате 11 минути без да го спуштите пенкалото. Запишете ги сите работи кои ве прават среќни. Може да станува збор за минати искуства, или пак за желби за иднината. Продолжете да пишувате дури и ако напишаното не ви изгледа добро.

2. Погледнете го напишаното и подвлечете ги зборовите, чувствата и активностите кои ве прават среќни. Треба да се фокусирате на нив.

3. Одберете 3 збора што најмногу се совпаѓаат со вашата сегашна состојба и запишете ги одвоено. Потоа ставете ја раката на вашето срце и повторувајте: Си дозволувам да се чувствувам/да правам… Да имам повеќе од оваа позитивна енергија во мојот живот кој почнува сега.

4. Штом ќе завршите, медитирајте 11 минути и визуализирајте како би изгледал вашиот живот кога ќе ви се исполнат желбите. Фокусирајте се на радоста и задоволството.

5. Во една реченица запишете што сакате да искусите во овој живот. Ова ќе ви помогне да испратите точна желба до универзумот. Можете да ги следите овие примери:

  • Мојата намера е да имам мирен живот синхронизиран со мојата душа.
  • Мојата цел е да придонесам во светот со мојот професионален напредок и да бидам среќен/среќна.
  • Мојата цел е да пронајдам љубов, да ја ценам и да ја ширам љубовта кон сите, така што сите околу мене ќе бидат среќни.

Намерите можат да бидат различни. Само важно е да бидат позитивни. Нека ви стане навика да ја читате оваа реченица секој ден.

6. На крај покажете благодарност. Заблагодарете му се на универзумот, или во она што верувате за помошта што ви ја овозможува во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар