Дрвото на животот во Бахреин
Доколку некој од вас престојувал во Бахреин, тогаш со сигурност го посетил и дрвото на животот. Овој редок природен феномен е едно осамено дрво, кое живее и опстојува далеку од каква било вегетација и без извор на вода. Ова мистично дрво расте на највисоката точка во Бахреин веќе 400 години. Токму неговото долго опстојување го прави „жива“ легенда.Локалните жители од срце веруваат дека на ова место некогаш се наоѓала Рајската градина. Дрвото се наоѓа на два километри оддалечено од планината (ридот) на чадот, која е со надморска височина од 134 метри. Дрвото е сосема осамено на средина од пустината, а не престанало да живее и покрај лошите услови и климатските промени. Високо е околу 10 метри, а неговиот извор на наводнување и понатаму останува мистерија. Ботаничарите тврдат дека неговите корени одат многу длабоко во земјата и се протегаат на голема површина за да дојдат до некој извор оддалечен неколку километри од локацијата на дрвото.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.