Дрвја „облечени“ во пајажина
Без сомнеж, пајаците се меѓу најголемите уметници во природата. За нив е невообичаено пајажината да ја плетат во групи, но како и останатиот жив свет, така и тие очигледно се обединуваат за време на елементарни непогоди.
За време на поплавите во Пакистан во 2010, за да се спасат од водата, милиони пајаци се преселиле на дрвјата и буквално ги заробиле во пајажина.Слични мрежи од пајажина биле пронајдени и во други делови од светот, но сè уште не е докажано на што се должи овој природен феномен. Освен дека најверојатно се работи за нагон за преживување, научната јавност досега не понудила друго објаснување. Како и да е, оваа ретка појава е најчесто поврзана со водата.
Според некои мислења пак, се работи за посебен вид пајаци, кои се обединуваат за да заробат повеќе плен, кој потоа го делат меѓу себе, додека поплавата била само коинциденција.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.