Друштвена игра за ужасни луѓе
Друштвената игра „Cards Against Humanity“ (Карти против човештвото) не е наменета за оние луѓе кои не можат да прифатат навредлива шега. Во описот на кутијата стои „Друштвена игра за ужасни луѓе“.Играта е многу едноставна. Секој учесник на почетокот на играта влече по 10 бели карти на кои се наоѓаат можни одговори. Потоа во секој круг еден од натпреварувачите влече прашање од црниот куп карти, на кое останатите одговараат со својата најсмешна бела карта. За некои прашања можат да бидат потребни и повеќе одговори. Натпреварувачот со најсмешната комбинација добива поен. Целосните правила можете да ги најдете на официјалниот сајт на играта.Сетот со картите чини 25 долари, а интересното е тоа што можете да ги направите и сами, бидејќи достапна е бесплатна онлајн-верзија од сите карти, која е споделена под Криејтив Комонс лиценца.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.