Другата страна на диетите: 4 негативни последици од слабеењето за кои никој не зборува

Другата страна на диетите: 4 негативни последици од слабеењето за кои никој не зборува

Диетите секогаш изгледаат како добра идеја, особено кај оние личности кои имаат прекумерна тежина. Нивната цел е да се намалат вишокот килограми со цел да се достигне поголемо здравје на телото. Но, и покрај тоа што на прв поглед делува како тие да донесат само позитивни новости, сепак има неколку негативни последици за кои малку се зборува. Погледнете за што станува збор…

Другата страна на диетите: 4 негативни последици од слабеењето за кои никој не зборува

1. Опуштена кожа

Топењето маснотии од критичните места на телото не доаѓа со цврсти плочки на стомакот. Доколку изгубите многу килограми одеднаш, вие би можеле да завршите со вишок кожа која поради намалената еластичност ќе виси. Кожата е многу повеќе опуштена кај оние личности кои за краток временски период изгубиле екстремна количина килограми или кои се постари.

2. Депресија

Губењето килограми најчесто се поврзува со растење на расположението и самодовербата, но една неодамнешна студија покажала и дека во овие моменти луѓето се многу ранливи па токму затоа и се посклони на развивање депресија.

3. Губење љубов

Многу често постојат примери кога партнерите решаваат заедно да ослабат. Но, заедничкото одржување диета води и кон почести караниците и недоразбирања, особено ако на едниот партнер му оди подобро одошто на другиот.

4. Болки во стомакот

Луѓето кои брзо губат несакани килограми можат да развијат проблеми со камења во жолчката, кои потоа резултираат со болка во желудникот, мачнина и понекогаш развивање температура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар