Древниот град на Маите во Гватемала

Древниот град на Маите во Гватемала

Античкиот град на Маите, Тикал се наоѓа во северна Гватемала и датира уште од 400-тата година пред н.е. Овој град бил центар на древната предколумбиска маиска цивилизација. Се наоѓа во археолошкиот басен Петен и од 1976 година е под заштита на UNESCO. Тикал има 5 големи пирамидни храмови, мали пирамиди во функција на гробници, како и 3.000 други објекти. Универзитетот во Пенсилванија и владата на Гватемала изработиле план за реставрација на ова древно богатство кое е оставено од прастарите Маи.Древниот град на Маите во ГватемалаСпоред стариот древен јазик на Маите, Тикал значи „место со гласови“ и во тоа време бил нивни економски, трговски и политички центар. Туристите кои сакаат да го посетат Тикал може да најдат соодветно сместување во градовите Флорес и Гватемала Сити кои се во негова близина.

Можеби и ви е познат овој древен град ако сте фан на вонвременските „Војна на Ѕвездите“, со оглед на тоа дека, всушност Тикал е „Massassi Outpost на четвртата месечина Yavin“, епизода 4: Нова надеж 🙂Древниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во Гватемала
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Star Wars не е серија!

Остави коментар