Древни споменици кои се подигнати во чест на моќни жени низ историјата
Бројни древни градби кои преживуваат низ текот на времето, се посветени во чест на богови, мажи или херои, а многу мал број од нив се подигнати во чест на жените. Сепак, тие заслужуваат внимание. Погледнете дел од најпознатите споменици што се посветени на понежниот пол.
1. Мавзолеј посветен на Хелена, мајката на царот Константин
За оваа древна градба во Рим, изградена од страна на римскиот цар Константин Велики помеѓу 326 и 330 година, најпрво се мислело дека е посветена на неговата сестра. Меѓутоа, тој ја изградил за својата мајка, која според некои била конкубина на неговиот татко, а според други таа му била сопруга. Хелена умрела кон крајот на 328 или почетокот на 329 година и поради ширење на христијанската вера и пронаоѓањето непроценливи свети артефакти, таа е прогласена за светица.
2. Базилика света Марија Велика
Делови од оваа градба потекнуваат од времето на папата Сикст III, односно од петтиот век. Посветена е на пресвета Богородица, а за неа постои и стара легенда која се врзува за еден римски брачен пар, кој не можел да има деца, па затоа имал намера да донира пари на црквата. На тие маж и жена на сон им се јавила Богородица и им рекла да изградат црква на местото на кое таа ноќ паѓало снег. Наредниот ден, мажот и папата Либериј, кој имал ист сон, решиле да прават онака како што им било кажано, што е и причината поради која света Марија Велика, поради чудото на паѓање снег во средината на месец август, често се нарекува снежна господарка. Базиликата подигната во нејзина чест поминала низ бројни реновирања, но и покрај тоа, таа се смета за една од најстарите во Европа.
3. Гробница на Шангуан Ванер, кинеска премиерка
Шангуар Ванер, поради својата политичка важност, честопати нарекувана и премиерка, живеела помеѓу 664 и 710 година, а на 13-годишна возраст станала советничка на првата кинеска царица Ву Зетиан, а подоцна и втора сопруга на нејзиниот син, со тоа што истовремено имала љубовна врска и со нејзиниот љубовник и внук. Нејзината гробница е откриена во септември, 2013 година, во близина на аеродромот во Шангај и е многу важна поради проучување на династијата Танг.
4. Археолошко наоѓалиште Ел Брухо
Археолошкото наоѓалиште Ел Брухо се наоѓа во Перу, каде најголемите градби датираат од времето на Моча, матријархално друштво од древна јужна Америка. Во едно од нив, направено како гробница, покрај посмртните останки на пет деца и двајца возрасни, жртвувани во чест на свештениците, пронајдени се и неколку артефакти. Инаку, климатските промени кои се последица на силниот Ел Нињо, појава која влијае на температурите на морето и воздухот, како и социјалните немири, се врзуваат за пад на Моча. Уште една гробница, во која се наоѓа мумија стара околу 1.700 години и на која ѝ било дадено името Цао, била откриена во 2006 година. Богатството на гробниците, како и присуството на оружје, покажуваат дека таа можеби била врховна свештеница или пак дури и владетел на Моча.
5. Рахилина гробница
Рахилината гробница е сместена на северниот влез во Витлеем, град оддалечен околу 10 километри од Ерусалим. Рахила или Рахел, била библиски пророк и прва жена на пророкот Јаков. Нејзината гробница се смета за едно од трите најголеми и најсвети места во јудаизмот, а бидејќи е поврзана со плодноста, бројни жени кои се обидуваат да останат бремени одат таму.
Погледнете уште 5 споменици изградени во чест на жените, на наредната страница…