Древни графити во Помпеја кои покажуваат дека се немаме променето многу во 2.000 години
Ако мислите дека денешните тинејџери ги измислиле графитите и непристојните цртежи од гениталии на ѕидовите, размислете повторно. Неодамна археолозите пронајдоа цртеж од пенис стар 1.800 години, во близина на Адријановиот ѕид. Ова докажува дека некои работи едноставно не се менуваат.
Покрај овие цртежи, научниците ги документираат и древните графити и натписи на ѕидови. Тие започнале да прават копии од латинските натписи од древниот римски свет, вклучувајќи ја и Помпеја. За жал, денес се изгубени над 90% од графитите во Помпеја поради изложеност на елементите. Сепак, сè уште има навистина интересна листа со смешни, чудни и храбри натписи, кои датираат од пред 2.000 години.
„Плачете, мои девојки. Мојот пенис се откажа од вас. Сега пенетрира машки позадини. Збогум, прекрасна женственост.“
„Ако некој не верува во Венера, треба да ја погледне мојата девојка.“
„На 19-ти април направив леб.“
„Теофил, немој да имаш орален секс со девојки на градскиот ѕид како куче.“
„О ѕидови, вие сте издржале толку многу здодевни графити, што сум восхитен што сè уште се немате срушено.“
„Не сакам да го продадам мојот сопруг, ни за целото злато на светот.“
„Вибиус Реститутус спиеше овде сам и му недостасуваше неговата драга Урбана.“
„До оној кој врши нужда овде. Внимавај на клетвата. Ако ја потцениш оваа клетва, може да имаш гневен Јупитер за непријател.“
„Ние мажи, пријатели засекогаш, бевме овде. Ако сакаш да ги знаеш нашите имиња, тие се Гаиус и Аулус.“
„Малиот проблем станува поголем ако го игнорирате.“
„Чие, се надевам дека твоите хемороиди ќе се тријат еден од друг толку многу, што ќе болат повеќе од кога било!“
„Епафра, ти си ќелав!“
„Од мојата продавница исчезна бакарен лонец. Оној што ќе ми го врати ќе добие 65 бронзени парички. Ќе дадам уште 20 за информација која ќе ми помогне да го фатам крадецот.“
„Мажот со којшто имам вечера е варварин.“
„Спиев со многу девојки овде.“
„Филерос е евнух!“
„Аполинарис, докторот на императорот Титус, овде се испразни добро.“
„Љубовниците се како пчели бидејќи живеат меден живот.“
„Епафра не е добар во игри со топка.“
„Суров Лалагус, зошто не ме сакаш?“
„Овде беше Ауфидиус. Збогум.“
„Самиус до Корнелиус: Обеси се!“
„Виргула до нејзината пријателка Тертиус: Одвратна си!“
„Секој којшто сака да се услужи самиот, може да оди и да пие од морето.“
Погледнете и како навистина изгледале нашите предци.