Древната мудрост на еден тибетски свештеник: Приказна што ќе ви помогне да се справите со нервозата

Древната мудрост на еден тибетски свештеник: Приказна што ќе ви помогне да се справите со нервозата

Оваа неверојатна приказна ќе ве натера да ја сфатите важноста на смиреноста и трпеливоста. Веќе никогаш нема да бидете нервозни поради туѓите зборови.

Древната мудрост на еден тибетски свештеник: Приказна што ќе ви помогне да се справите со нервозата

Еднаш имало некој тибетски свештеник кој целиот живот го сметале за свет човек. Луѓето доаѓале од најдалечните краеви за да го добијат неговиот совет. Тој бил личност која секогаш била смирена и која никој не можел да ја навреди.

За ова слушнал некој лош човек и решил да отиде и да го тестира мудрецот. Само што стигнал и го здогледал, веднаш почнал да го навредува и да го понижува најмногу што можел.

Кога веќе немал што да каже, престанал и запрепастено сфатил дека свештеникот сè уште е смирен како и пред да дојде.

Човекот се изнервирал па почнал уште полошо да го навредува свештеникот, но и ова било залудно. Изгледало како неговите зборови воопшто да не допираат до мудрецот. Кога конечно ја изгубил целата енергија, решил да го праша и да ја дознае неговата тајна.

– Ги разбирам твоите духовни техники и како не ти е грижа што мислат и зборуваат другите, но јас те понижував и навредував, мора да научиш да се бориш за себе – му рекол.

– Драг човеку, може ли да ти поставам само две прашања? – конечно прозборел свештеникот.

– Секако – му одговорил човекот.

– Ако ти мене ми донесеш подарок и јас не го прифатам, на кого му припаѓа подарокот? – прашал мудрецот.

– Па, ако не го прифатиш, тогаш сè уште ми припаѓа мене.

– А сега, ако ти за мене имаш само навреди а јас не ги прифаќам, тогаш на кого му припаѓаат? – прашал мудрецот, се свртил и си заминал.

Доколку постојано чувствувате нервоза, погледнете кои се можните причини за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар