Драги читатели, време е за...

Драги читатели, време е за…

Dear blank, please blank – ироничен и супер забавен проект на Џеред Вунш и Ханс Џонсон, кој ве предизвикува да ја испробате вашата креативност и досетливост, преку пишување куси и измислени пораки. Тука можете да прочитате од смешни до непристојни работи, да гласате за нив или пак, да оставите свој печат. Прочитајте дел од најинтересните:

Смешни и креативни измислени пораки

Драги Глечери,

Жал ми е што слушам за глобалното затоплување, но кармата е кучка.

Со почит,
Титаник


Драг Хитлер,

Те молам врати ми ги назад моите мустаќи. Правиш да изгледам лошо.

Со почит,
Чарли Чаплин


Драга Марија,

Признај дека си спиела со друг. Ова излегува надвор од контрола.

Со почит,
Јосип


Драго момче,

Можам да направам девојка ти да вреска погласно, отколку што можеш ти да ја натераш.

Со почит,
Пајак


Драги луѓе на светот,

Не сакам да звучам како проститутка, но ве молам користете ме кога и да посакате.

Со почит,
Граматика


Драга Кока-кола,

Чувствувам како претерано бурно да реагираш.

Со почит,
Ментос бонбона


Драг Ное,

Би можеле да се заколнеме дека ни рече арката нема да замине пред 5 часот.

Со почит,
Еднорозите


Драго дете,

Без разлика што и да слушнеш, ние немаме никаква врска со забременувањето на мајка ти.

Со почит,
Птиците и пчелите


Драги филмаџии,

Вашите родители само што не влегле.

Со почит,
Единствената секс-сцена во филмот


Драги девојки што ме малтретиравте во 7-мо одделение, бидејќи бев попаметен од вас,

Утре ќе работите прекувремено.

Со почит,
Вашиот шеф


Драг Фејсбук,

Почекај, еден ден и тебе сите ќе те напуштат.

Со почит,
Мајспејс


Драг човеку на бензинската пумпа,

Само заради тоа што носам маица со Боб Марли, не значи дека сакам да одам со тебе во Јамајка.

Со почит,
Девојката на која никогаш повеќе нема да ѝ полниш гориво!


Драги пушачи,

Тоа што конзумирате по кутија цигари на ден, значи дека ќе морам да ве посетам.

Со почит,
Рак


Драги Штрумфови,

Ме интересира каква е вашата боја кога се давите?

Со почит,
Љубопитни


Драга мотивација,

Каде си?

Со почит,
Студент кој наскоро има испит


Драги 6 и 9,

Ве молам престанете да ме озборувате. Ве предупредувам, знам за „недоличните“ работи што ги правите заедно.

Со почит,
7-ка


Драго 2-ро место,

Честитки, ти си прво меѓу губитниците.

Со почит,
1-во место


Драга одговорност,

Не можам да те слушнам! Не можам да те слушнам!

Искрено,
Сè уште неподготвен за диплома


Драга мамо,

Наполнив 16 години. ТЕ МОЛАМ, смеам ли веќе да почнам да носам градник?!

Со почит,
твојот син Џастин Бибер


Драг Џастин Бибер,

Ариел навистина си го сака својот глас назад.

Со почит,
Кралот Тритон

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар