Дознајте за што служат линиите на вашите дланки

Дознајте за што служат линиите на вашите дланки

Линиите на дланките не служат само за предвидување на иднината. Тие имаат многу посериозна научно докажана улога, поради што се навистина многу важни. Рацете и дланките се делови од телото кои најмногу ги користиме. Тие за да се прилагодат на сите активности за кои ги користиме како држење, растегнување, дигање, куцање, пишување и многу други, мораат постојано да го менуваат својот облик. Да бидеме попрецизни, кожата која ги прекрива мора да се прилагоди на сите комплексни положби.

Дознајте за што служат линиите на вашата дланка

Тука главна улога имаат линиите на дланката. Имено, тие линии познати како набори и бразди помагаат на кожата да се рашири и потоа повторно да се собере во зависност од тоа што правиме со рацете, односно тие ја делат дланката на така наречени делови за свиткување. Линиите ѝ овозможуваат на кожата да се превитка преку дланката кога го менуваме нејзиниот облик, на пример кога ќе ја стиснеме во тупаница или ќе ги превиткаме рацете. Со други зборови, кога не би ги имале тие линии, кожата на дланките би висела.

Погледнете ја внимателно вашата дланка и ќе забележите дека секоја линија се наоѓа точно на местото каде дланката се превиткува. Истото важи и за линиите на лактите, колената, зглобовите итн. Линиите кои ја држат нашата кожа настануваат уште додека сме во утробата на мајката, околу 12 недели по зачнувањето. Дебелината и бројот на линиите зависи од многу фактори како што се расата и генетиката.

Повеќето луѓе имаат три главни линии на дланката, а некои имаат само една што може да е знак за абнормален развој на бебето во утробата, односно Даунов синдром, фетален алкохолен синдром или други генетски нарушувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар