Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година
Дали некогаш сте се запрашале што би пиеле вашите омилени Дизни принцези за дочекот на Нова година? Можете ли да ги замислите овие убавици со чашка алкохол во раката? Нека не ве излаже нивниот невин изглед! Секоја млада девојка понекогаш сака да се забавува, па дури и ако се работи за принцеза. Во продолжение дознајте што пиеја Дизни принцезите за време на новогодишната ноќ…
Снежана: Црвено еплтини (вотка со сок од јаболко)
Сите си имаме свој отров, а Снежана има големо искуство кога станува збор за отровите. Црвеното еплтини е нејзиниот омилен пијалак од очигледни причини: Јаболко во комбинација со малку алкохол! Дури ни принцот на бел коњ нема да може да ја разбуди денес по ноќта помината со оваа напивка.
Пепелашка: Шампањ
Пепелашка е девојка која сака ред и елеганција. Токму поради тоа, шампањот е одличен избор за неа на сите коктел забави што ќе ги приреди со принцот. Нејзината трансформација од слугинка во принцеза заслужува вистинска здравица!
Ариел: Даикири од јагода (со чадорче во чашата)
Можете ли да си ја замислите Ариел како седи на плажа, пие даикири и ужива во сонцето? Таа е тропска девојка која го поминува времето дружејќи се со останатите сирени. Но, кога е на копно, нејзиниот пијалак мора да соодветствува со светот што ја опкружува.
Заспаната убавица: Розе вино
Заспаната убавица е неодолива и опуштена исто како и розето. Таа сака нешто питко и лесно. Освен тоа, бојата на пијалакот совршено одговара на нејзината облека. Таа е слатка како шеќер, а розето е полно со шеќер.
Продолжете на наредната страница за да дознаете што пиеја за Нова година и останатите Дизни принцези…