Дознајте сè за Жил Де Рејс, првиот познат сериски убиец во историјата
Дури и да немало ништо невообичаено во врска со бретонскиот благородник Жил де Рејс (1404 – 1440), неговата извонредна кариера како војник во Стогодишната војна и како партнер на Јованка Орлеанка, ќе била доволно за да го осигури неговото место во историјата. Денес, овие достигнувања се наоѓаат во сенка на неговиот таен живот што го водел како причинител на ужасна смрт, на повеќе од 100 деца, со што е запишан и како првиот сериски убиец во историјата.
Раниот живот на Жил Де Рејс бил обележан со трагедија. Неговите родители починале во 1415 година. Татко му, Ги Де Лавал, бил убиен во ловечка несреќа, каде што се претпоставува дека Жил бил сведок, а неговата мајка, Марија Де Кран, починала од непозната причина. Тој бил израснат од неговиот дедо Жан Де Кран.
Како млад човек, Де Рејс покажувал импулсивност и тврдоглавост, карактеристики кои добро се одразувале на бојното поле, каде што тој бил вешт и бестрашен борец. Кога се појавила Јованка Орлеанка, тој бил замолен од најстариот син на кралот (Чарлс VII), да внимава на неа за време на битките. Двајцата заедно војувале во главни битки за време на нејзината кратка кариера, вклучувајќи го укинувањето на опсадата на францускиот град Орлеан. Во 1429 година тој бил назначен за маршал на Франција – највисоката француска воена позиција.
Неговата воена кариера тргнала надолу по смртта на Јованка во 1431 година, при што го поминувал целото време на својот имот, кој бил еден од најбогатите во западна Франција. Де Рејс своето богатство го трошел невнимателно, плаќал огромни суми за декорации, слуги, воена заштита, како и за музика и литературни дела. Неговата продажба на семејното земјиште, за да го финансира неговиот екстравагантниот начин на живеење, довело до борба меѓу останатите членови од фамилијата, особено со Жан Де Кран, кој во наследство му ги оставил мечот и штитникот на неговиот помлад брат, кој починал во 1432 година.
Во подоцнежните години, Де Рејс почнал да се грижи за своето спасение и за религијата. Во 1433 година, тој финансирал изградба на капела за блаженство на неговата душа, која ја нарекол Капела на Светите невини, при што вработените биле ужасни, избрани од страна на Де Рејс. Тој почнал да го истражува и окултизмот како средство за спасување на неговите финансиски средства, вработувајќи алхемичари и волшебници.
Во меѓувреме, почнале да се шират гласини. Почнале да исчезнуваат деца во областа на неговиот замок и се чинело дека има поврзаност со активностите на Де Рејс и неговите слуги. Бидејќи било вообичаено во тоа време момчињата да бидат одделени од родителите ако се земени од страна на благородниците да работат како слуги, некои од родителите на жртвите не биле свесни за судбината на нивните деца. Оваа „јавна“ тајна била изнесена на суд од страна на сведоци кои тврделе дека ги виделе слугите на Де Рејс како уништувале тела на десетици деца во еден од неговите замоци, во 1437 година.
Но, од страв и поради нискиот социјален статус на семејствата на жртвите, не се презеле ништо против него. Де Рејс не бил уапсен сè до 1440 година, кога киднапирал свештеник по некој спор, кој не бил поврзан со убиствата. Тој истовремено бил осуден во црковен и граѓански суд за голем број кривични дела, вклучувајќи богохулие, зоофилија и убиство на повеќе од 100 деца.
Под закана за мачење, тој ги признал обвиненијата и ги опишал ритуалните мачење на дузина деца кои биле киднапирани од страна на слугите во период кој траел скоро една декада. Тој бил осуден на смрт со горење и бесење и оваа казна била извршена во Нант, на 26 октомври 1440 година. Де Рејс бил мирен и покажувал чувство на срам за време на извршувањето на казната.
Ова дело, бизарно, му донело постхумно признание како модел на христијанското покајание. По неговата смрт бил забележан тридневен пост. Последната мачна иронија е тоа што се појавила традиција во која родителите во Нант, ја одбележувале годишнината на погубувањето на Де Рејс, со камшикување на своите деца, да ги импресионираат со тежината на гревовите за кои тој се покајал. Се верува дека оваа традиција живеела повеќе од еден век по неговата смрт.
Во поново време, теоретичарите се прашуваат дали Де Рејс навистина бил виновен за злосторните дела за коишто бил погубен, истакнувајќи дека неговото признание било извлечено за време на мачење. Сепак, повеќето од историчарите, кои ги испитале доказите од судењето на Де Рејс, продолжуваат да веруваат дека тој навистина ги извршил убиствата.
Дознајте и кои се 10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото.
Автор: Ана Патриклиева