Дознајте на кој ден се случуваат најголемиот дел од запросувањата

Дознајте на кој ден се случуваат најголемиот дел од запросувањата

Во врска сте подолго време и веќе сте зборувале со партнерот за венчавка и деца, така што убедени сте дека ќе ве запроси на пролет. Подгответе се за вистинско изненадување, бидејќи долго очекуваното прашање можеби ќе ви биде поставено порано одошто мислите.

Дознајте на кој ден се случуваат најголемиот дел од запросувањата

Постојат многу традиции што се поврзани со запросувањето, како на пример тоа дека мора да има прстен и дека партнерот мора да клекне на колено. Но, постои уште една помалку позната традиција. Не само што во декември се случуваат најголемиот дел од запросувањата, туку и половина од сите запросувања во текот на месецот се случуваат околу 19-ти декември. Годинава, околу 100.000 од запросувањата ширум светот најверојатно ќе се случат месецов што доаѓа, според веб-сајтот Bridebook.co.uk.

Откако ги истражиле месечните податоци од минатогодишните запросувања, сајтот предвидува дека оваа година најпопуларниот ден за запросување ќе биде 23-ти декември, сабота, но голем дел од запросувањата ќе се случат и на 24-ти декември.

Историски гледано, овој период отсекогаш бил популарен помеѓу љубовните парови кои планирале да се венчаат. Главната причина за тоа е фактот што се ближат празници, целото семејство и пријатели се собрани за да прослават и тоа е одлична можност да се извади прстен и да се постави судбоносното прашање.

Подготвени сте да кажете „Да“? Којзнае, можеби и вашиот партнер ќе ве изненади овој декември и ќе ви ги направи празниците посебни?!

Доколку сте подготвени да го направите следниот чекор во врската, дали сте размислиле колку би платиле за совршеното запросување?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар