Дознајте колку време поминуваме на социјалните медиумите (одговорот нема да ви се допадне!)
Сите знаат дека денешните Македонци се претерано залепени за своите смартфони, лаптопи и ТВ екрани, но една нова студија ни покажува колку сериозна е зависноста од технологијата која делува како да бега од контрола.
Според оваа студија, возрасните минуваат просечно околу 11 часа дневно консумирајте медиуми во одредена форма, од слушање радио, сурфање на Интернет, гледање телевизија или посетување апликации. Да, добро прочитавте – 11 часа на ден! Кога ќе го комбинирате ова со типичниот 8-часовен сон, ќе сфатите дека 2/3 од денот минувате во виртуелниот свет наместо во вистинскиот.
Како што може да се очекува, возрасните меѓу 18 и 34 години се најголемите корисници на медиумите, трошејќи 150% повеќе време онлајн наместо оние на возраст меѓу 50 и 64 години.
Ова се навистина лоши вести. Друга студија во март оваа година открила дека 39% од возрасните меѓу 18 и 29 години и 36% од возрасните меѓу 30 и 49 години самите признале дека „скоро постојано“ се онлајн. Оваа зависност од технологијата се смета за една од причините зошто индексот на среќа кај Македонците е на историски ниска точка, како и причината зошто оние меѓу 18 и 22 години брзо стануваат најосамената демографија во државата.
Нашата опсесија со медиумите исто така ги повредува и нашите врски. Слична неодамнешна студија покажала и дека актот на игнорирање на личноста покрај себе со гледање и употреба на смартфонот брзо предизвикува распаѓање на врската. Родителите веќе од мали нозе им даваат на своите деца таблет за да се смират, што потоа води кон чувство на игнорирање што се влече постојано во нивниот живот. Верувале или не, друга студија пак открила дека шокантен број луѓе го проверуваат својот смартфон дури и за време на сексот.
Сето ова влијае и на нашето здравје, и тоа на многу полош начин одошто мислите. Поголемиот дел од нас заспиваме додека гледаме во екран – активност што целосно го нарушува нашиот циклус на спиење, ни ја намалува долговечноста, ни го зголемува ризикот од депресија, па дури и ни предизвикува да качиме несакана тежина. Вредно е да се запомни и фактот дека гледањето премногу телевизија може вистински да ве убие.
Никој не вели дека треба да се преселите во област без мрежа и да се изолирате целосно од социјалните медиуми, туку одвреме-навреме да размислите за дигитална детоксикација која ќе ве одмори од негативното влијание на технологијата. Ако не можете веднаш да го направите тоа, барем почнете да намалувате по 20-тина минути во денот. Верувајте ни, телото и умот ќе ви бидат многу благодарни.
Дознајте и што ќе се случи ако престанете да користите Фејсбук!