Дознајте кои сте биле во претходниот живот според вашиот датум на раѓање

Дознајте кои сте биле во претходниот живот според вашиот датум на раѓање

Датумот на раѓање не служи само за славење роденден. Тоа е денот што во голема мера ја одредува вашата иднина. Дали некогаш сте се запрашале кои сте биле во претходниот живот? Верувале или не, датумот на раѓање може да ви го открие овој податок! Пронајдете го вашиот датум и дознајте повеќе за вашиот претходен живот…

Дознајте кои сте биле во претходниот живот според вашиот датум на раѓање

14-28 ЈУЛИ

23-27 СЕПТЕМВРИ

3-17 ОКТОМВРИ

Духовен учител со големо срце

Луѓето ви се восхитувале поради вашиот шарм и интелигенција. Сте имале големо влијание на сите околу вас. Секогаш сте ги заштитувале послабите. Сте биле вистински водичи и учители. Луѓето ве следеле насекаде. Денес, не ја сакате осаменоста и им помагате на луѓето. Не сте многу дружељубиви, а понекогаш знаете да бидете ексцентрични. Во овој живот, многу добро знаете што сакате и како да го постигнете тоа. Во љубовта се водите според разумот и логиката, а не според срцето.

22-31 ЈАНУАРИ

8-22 СЕПТЕМВРИ

Уметник кој патувал низ светот

Вие сте биле човек со многу бујна фантазија. Сте поседувале голем талент и сте ги забавувале луѓето. Секогаш сте биле во центарот на вниманието. Во овој живот, многу сте чувствителни и не ги покажувате вашите емоции така лесно. Сѐ уште ве привлекуваат авантурите, ама моментално сте врзани за едно место и за една личност. Денес, имате остар и продорен ум и не постои проблем што не можете да го решите.

29-11 АВГУСТ

30-7 НОЕМВРИ

Заштитник на правдата

Вие сте биле многу тактични и рамнодушни. Добро сте ги планирале работите и мудро сте ги одбирале вашите цели. Освен тоа, сте биле добри говорници и писатели. Во овој живот, вие сте многу искрени и смирени и ги мразите сите облици на насилство. Сакате хуманитарни активности и им помагате на болните и изнемоштените. Меѓутоа, немате доверба и понекогаш ги потценувате вашите способности. Многу сте емотивни во љубовта и подготвени сте да ѝ се посветите на саканата личност со целото ваше битие.

8-21 ЈАНУАРИ

1-11 ФЕВРУАРИ

Милосрден бандит

Вие сте биле родени во сиромашно семејство и поради уште од мали нозе сте сфатиле дека светот е поделен на богати и сиромашни луѓе. Вашето мото од минатото гласи „Земи од богатите и дај им на сиромашните“. И денес сте идеалисти, но повнимателни сте од претходно. Два пати мерите, а еднаш сечете. Им го отворате срцето само на вашите пријатели кои докажале дека ја заслужуваат вашата грижа. Во љубовта имате премногу барања и сонувате за тоа да доживеете вистинска љубов со тело и душа.

Дознајте кои сте биле во претходниот живот според вашиот датум на раѓање

1-10 МАРТ

27-18 ДЕКЕМВРИ

Цар

Вие сте биле многу горди, амбициозни и интелигентни. Сте успеале да стигнете и до кралскиот престол и сте станале големи владетели на големо кралство. Сте владееле строго и сте внимавале на дисциплината. Во овој живот, не сакате да ви наредуваат и да ве предводат други луѓе. Ја сакате вашата слобода и со сите сили се обидувате да ја задржите. Вие сте големи индивидуалисти и не сакате тимска работа. И во љубовта сте себични, па затоа сите ваши љубовни врски се краткотрајни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар