Дознајте кои соништа носат среќа

Дознајте кои соништа носат среќа

Соништата сѐ уште се мистерија за нас луѓето. Понекогаш тие се страшни, понекогаш прекрасни. Но, сите тие носат некое важно значење. Соништата ја покажуваат нашата скриена потсвест, воспоставуваат врски со луѓето со кои сме психички поврзани и ги прикажуваат чувствата кои наскоро ќе ги доживееме или ги посакуваме. Освен тоа, тие нѐ предупредуваат за физичката состојба на нашето тело, ни помагаат во решавањето на проблемите, внатрешните конфликти и слично. Од овие причини, многу е важно правилно да ги толкуваме соништата.

(1) Дознајте кои соништа носат среќа

Сите луѓе поминуваат третина од својот живот во спиење, а од тој период 4-5 години поминуваат во сонување пријатни и непријатни соништа. Научниците докажале дека жените почесто сонуваат од мажите, а возрасните повеќе од децата. Соништа во боја сонуваат луѓето со уметничка природа, а црно-белите соништа се одлика на практичарите. Доколку сте сонувале некоја од следниве работи, може да верувате дека наскоро ќе ви се насмевне среќата…

Прстен

Ако носите прстен, тоа е знак дека ве очекуваат пари во иднина.

Изградба на зграда

Ако во сон видите изградба на зграда, тоа е добар знак кој укажува на парична добивка.

Папагал

Папагалот е симбол на пријателството, меѓутоа ако во сон видите мртов папагал, можеби ве очекуваат лоши вести.

Лисја

Соништата кои носат пари се како лисја, дел од целина. Честопати не ја забележуваме нивната убавина и задоволството што го претставуваат.

Катаклизма

Станува збор за предупредување кое сака да ви каже дека треба да промените нешто во животот.

Сиромаштија

Сиромаштијата се смета за симбол на добра среќа.

Крава

Крава во сон секогаш значи дека ве очекува нешто убаво. Ако сонувате како молзете крава, тоа е знак на среќа.

Во продолжение дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар