Дознајте кои се најевтините градови во Европа
Една Интернет платформа за брзо закажување билети за автобуски и железнички транспорт направила листа од најевтините градови во Европа. Нашиот главен град, Скопје, го заземал првото место како најевтин град на целиот континент.
На второ место се наоѓа Приштина, Косово, а веднаш по него е Подгорица, Црна Гора.
На деветто место се наоѓа Белград, Србија и ја дели позицијата со главниот град на Романија, Букурешт.
Листата е направена според просечната цена на одредени производи и услугите во секој град како возење еден километар со такси, половина литар домашно пиво, шолја капучино, влезници за музеи, ноќевање во хотел за една личност и карти за јавен превоз во еден правец.
Дали знаете кои се најевтините градови во светот?