Дознајте кои парчиња облека мажите сакаат да ги гледаат на жените, а кои не можат да ги поднесат

Дознајте кои парчиња облека мажите сакаат да ги гледаат на жените, а кои не можат да ги поднесат

Иако тоа вообичаено не го признаваат, мажите секогаш забележуваат што носат жените и имаат свое мислење за нивната облека. Природно е тоа што нивната визија за тоа како би требало да се облекуваат жените потполно се разликува од визијата на припадничките на понежниот пол.

Дознајте кои парчиња облека мажите сакаат да ги гледаат на жените, а кои не можат да ги поднесат

Резултатите од многу истражувања потврдуваат дека мажите ги обожаваат тесните и кратки фустани. Мажите најмногу сакаат припиена силуета која ги нагласува облините. Меѓутоа, не им се омилени фустаните со преклопување и оние со пресек под градите, бидејќи тоа веднаш ги асоцира на бременост.

Дознајте кои парчиња облека мажите сакаат да ги гледаат на жените, а кои не можат да ги поднесат

Мажите имаат посебни побарувања и кога станува збор за чевлите. Кога тие би се прашувале, жените по цели денови би оделе само на високи потпетици, а рамните чевли и балетанки засекогаш би ги исфрлиле од плакарот. Според едно истражување, доколку на улица забележат дама во неволја, мажите попрво би помогнале на жена во високи потпетици, отколку на жена во балетанки.

Но, доколку сте мислеле дека воопшто не им е важно како изгледаат високите потпетици, сте се излажале. Имено, мажите не сакаат чевли со чудни потпетици. Според нив, класичните потпетици се најдобриот избор за женските нозе.

Дознајте кои парчиња облека мажите сакаат да ги гледаат на жените, а кои не можат да ги поднесат

Сепак, жените мораат да запаметат дека нивната удобност е на прво место, без разлика што мислат мажите за тоа. Жените треба пред сѐ да се чувствуваат добро и да зрачат со самодоверба. Самоуверената жена може да изгледа одлично дури и во тренерки. Спортската елеганција исто така може да изгледа убаво и секси.

На крајот на краиштата, станува збор за индивидуални вкусови. Факт е дека ако некому му се допаѓате, за него ќе бидете привлечни и прекрасни дури и во најсмешните пижами. Заклучокот е едноставен: Иако мажите обожаваат тесни и кратки фустани во комбинација со високи потпетици, најважно е како се чувствувате вие. Самодовербата сепак игра најголема улога.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар