Дознајте како се поврзани храната и сексот

Дознајте како се поврзани храната и сексот

Врските помеѓу храната и сексот откриваат што е она што ја храни нашата сексуална желба, но и што може значително да ја намали. Понекогаш храната и сексот се како најдобри пријатели кои со заеднички сили ви овозможуваат да поминете незаборавна ноќ помеѓу чаршавите, но понекогаш тие се смртни непријатели кои работат еден против друг, што придонесува кон тоа целосно да изгубите апетит.

Дознајте како се поврзани храната и сексот

Иако постојат некои луѓе кои обожаваат да ги прават и двете нешта истовремено, останатите не припаѓаат во таа категорија. Но, храната и сексот можат да се соединат на многу покомплексни начини. Она што ќе го изедете за вечера со вашиот партнер може да влијае на вашето либидо подоцна, или, пак, чувството кое го имате кога копнеете по парче чоколадна торта може да биде зачудувачки слично со чувството кое се јавува кога ќе ја погледнете личноста која сексуално ве привлекува. Сите ние гладуваме по нешто, а дали се работи за храна или секс, во голема мера зависи од расположението. Во продолжение прочитајте како се поврзани храната и сексот и обидете се тие врски да ги искористите во ваша полза…

Денешните генерации сметаат дека храната е исто толку задоволувачка колку сексот

11.976 мажи и жени биле вклучени во едно истражување и од нив било побарано да зборуваат за храната што им се допаѓа. Резултатите покажале дека 54% од испитаниците на возраст помеѓу 18 и 37 години веруваат дека храната може да биде исто толку задоволувачка колку сексот. Интересно е тоа што жените повеќе верувале во ова отколку мажите. Можеби затоа што најголемиот дел од жените по секое разочарување бараат утеха во храната, којзнае.

Жените подобро одговараат на романтични гестови кога се најадени

Истражувачите откриле дека жените подобро флертуваат и одговараат на романтичните гестови кога не се гладни. Откако 20 жени гледале слики од парови како прават романтични нешта и слики од неутрални работи, со помош на скенер на мозок се открило дека внесените калории ги активираат деловите од мозокот заслужни за романтичните чувства. Кога сме гладни ние сме нервозни, напнати и анксиозни, но откако ќе се заситиме, можеме да се фокусираме на позитивните чувства.

Количината на храната што ја јадете може да влијае на вашето либидо

Се чини дека постои поврзаност помеѓу тоа колку јадете и колку сте расположени за секс. Дали некогаш ви се случило да изедете цела пица или сочен хамбургер? По таа количина на храна, веројатно сексот не ви ни паднал на памет. За целите на едно истражување, од испитаниците било побарано да ги намалат калориите што ги внесуваат за 25% во текот на 2 години. Резултатите покажале подобрување на расположението, намален стрес и зголемено либидо. Но, сепак не треба да претерувате со намалување на калориите што ги внесувате, бидејќи тоа може да биде опасно, а и никој не сака да има секс ако е постојано гладен. Истото истражување потенцира дека одредени начини на исхрана можат да го влошат вашето расположение, што исто така го убива либидото. Во секој случај, добро е да се знае дека количината на храната што ја јадете има големо влијание на вашето либидо.

Дознајте како се поврзани храната и сексот

Видот на храната што ја јадете влијае на вашето либидо

Познато е дека одредени видови храна го зголемуваат либидото како што се боровинките, црешите, циметот, брокулите, смоквите, какаото, авокадото, бананите, јагодите, кавијарот, зелената салата и многу други. Па, дали афродизијаците навистина постојат? Научниците одговараат потврдно, но многу е покомплицирано од тоа дека ако изедете одреден вид храна веднаш ќе бидете сексуално возбудени. Вистината е дека секоја храна што ја зголемува циркулацијата и производството на серотонин во мозокот е добра за либидото. Подобрата општа благосостојба резултира со повеќе енергија, а тоа, пак, доведува до повеќе уживање во сексот.

Јаболката можат да го подобрат сексот

Според едно истражување спроведено на 731 здрави Италијанки на возраст помеѓу 18 и 43 години, оние кои јаделе повеќе од едно јаболко во денот, изјавиле дека забележале зголемена лубрикација и сексуална желба. Medical Daily тврди дека јаболката содржат флоридизин, клучната состојка која е слична на женскиот полов хормон естрадиол, кој игра голема улога во вагиналната лубрикација и женската сексуалност. Дали тоа значи дека едно јаболко на ден може да ве одведе до задоволувачки секс? Последиците од вашата консумација на јаболка може да варираат, но несомнено е дека секогаш ќе бидат слатки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар