Дознајте како да останете безбедни доколку одите на одмор во некоја од овие егзотични земји - Part 2

Дознајте како да останете безбедни доколку одите на одмор во некоја од овие егзотични земји

Индија

Дознајте како да останете безбедни доколку одите на одмор во некоја од овие егзотични земји

Постојат милион причини зошто треба да ја посетите Индија. На пример, ќе можете да видите неверојатни древни палати, фестивалот на бои и светла и да ја пробате традиционалната индиска кујна. Но, можно е да ви се случат и некои непријатни нешта таму доколку не внимавате…

  • Лесно може да се заразите со некаква инфекција или паразитски црви. За да го одбегнете тоа, пијте само вода од шише на познати брендови од продавница. Пред да заминете на патување, вакцинирајте се против хепатит А и тифус.
  • Жените кои ќе патуваат во Индија најдобро е да ги почитуваат правилата на облекување и да не се шетаат сами навечер за да го одбегнат ризикот од сексуална злоупотреба на улиците, особено во рурални средини што не се популарни помеѓу туристите.

Египет

Дознајте како да останете безбедни доколку одите на одмор во некоја од овие егзотични земји

Во Египет ќе можете да уживате во глетката на древните пирамиди и Сфингата или да се бањате во Црвеното Море и да јавате камили. Вашиот одмор ќе помине одлично, доколку внимавате на следниве неколку правила…

  • Не пливајте во речни води за да не се заразите со шистосомијаза. Бањајте се во морето или во базен со прочистена вода. Ако сепак влезете во природна вода, внимавајте да не ви влезе вода во устата.
  • Коралните гребени на Црвеното Море се живеалишта на морските ѕвезди од видот Acanthaster planci познати и како „трнлив венец“. Нивните игли се отровни и можат да предизвикаат повраќање, вртоглавица и воспаленија на кожата. Ако се боцнете од нив, ставете го повреденото место во жешка вода, исчистете ја раната, нанесете антисептик и побарајте лекарска помош.
  • Египет е муслиманска земја и затоа не се препорачува да носите облека што го открива телото надвор од хотелот.
  • Болестите како што се хепатит А и Б се многу чести во Египет. Погрижете се да се вакцинирате за мали сипаници, рубеола, дифтерија, тетанус, голема кашлица и други болести.

Тунис

Дознајте како да останете безбедни доколку одите на одмор во некоја од овие егзотични земји

Тунис има прекрасно море, плажи и спа центри. Но, не е сѐ толку совршено колку што изгледа…

  • Одвреме-навреме во Тунис се одвиваат политички протести и конфликти. Ако се најдете во таква ситуација, држете се подалеку од толпата.
  • Во Тунис има строга забрана за фотографирање кули, мостови и воени објекти. Пред да фотографирате нешто, побарајте дозвола од некое овластено лице.
  • Ако се бањате во морето во август, постои ризик да налетате на медуза. Доколку ви се случи такво нешто, измијте го местото со чиста вода и побарајте лекарска помош.
  • Вакцинирајте се пред патувањето. Туристите многу често се заразуваат со хепатит А и тифус во Тунис.

Продолжете на третата страница за последните неколку земји…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    sinkir ti si bila segde pa tolku sirok spektar na znaenje preku net mozi sekoj da ima

Остави коментар