Дознајте го скриеното значење на деновите во неделата
На сите ни се случува да имаме денови кога едноставно ништо не ни оди од рака, а единственото објаснување што можеме да го дадеме е „Не ми е денот“. Доколку сте се прашувале зошто е тоа така, астрологијата ги има потребните одговори. Имено, планетите имаат големо влијание на деновите и можат да одредат како треба да се однесуваме и што (не) треба да правиме секој ден од неделата. Во продолжение дознајте го скриеното значење на деновите…
Понеделник
На англиски јазик овој ден се нарекува „Monday“, односно месечев ден, што значи дека Месечината владее со понеделниците, па затоа повеќето луѓе имаат променливо однесување токму тогаш. Припадниците на знакот Рак во понеделник би требало да ги планираат поголемите работни подвизи, уредувањето на домот, купувањето и продажбата на недвижнини како и основањето семејство. Сите останати хороскопски знаци би требало да знаат дека во понеделниците кога има млада месечина треба да ги започнат оние работи кои имаат влијание на целото семејство.
Вторник
Денот со кој владее Марс треба да биде активен. Во вторниците би требало да вежбате, да спортувате, да донесувате одлуки и да одбегнувате караници и конфликти. Ова е одличен ден за Овните и донекаде за Скорпиите, како и за започнување судски процеси, истраги и наоѓање вистинити податоци и факти. Сите луѓе, без оглед на хороскопскиот знак, би требало да ја зачуваат вторничката енергија и да не ја трошат на залудни кавги и деструктивни работи, туку да бидат трудољубиви. На овој ден не е добро да започнувате заеднички живот или брак бидејќи ќе имате многу караници и несогласувања.
Среда
Планетата Меркур владее со овој ден на комуникацијата, учењето, образованието и патувањата на пократки релации. Молбите, понудите и CV-то за работа испраќајте ги во среда. Контактирајте ги луѓето кои можат да ви помогнат, бидејќи на овој ден сигурно ќе добиете мудар совет. Разговарајте со децата и помладите поединци во среда, особено ако имате некаков проблем со нив, затоа што ќе успеете да остварите подобра комуникација и поквалитетен однос. Слободно договарајте важни состаноци, одете кај советници, тргувајте и рекламирајте ги вашите производи доколку се занимавате со таква работа.
Четврток
Со овој ден владее Јупитер, планетата на растењето и ширењето. Доколку треба да започнете работа со добра заработка, одберете го вторник. Но, доколку треба да купувате нешто големо како на пример стан, куќа или автомобил, направете го тоа во четврток. На овој ден можете да организирате хуманитарни забави, акции и да побарате совет од правник или адвокат. Ова е исто така добар ден за учење странски јазик или за патување во странство. Само внимавајте да не го посветите четвртокот на хедонизам, без разлика дали станува збор за претерување со храна, алкохол или шопинг.
Петок
Станува збор за прекрасен емотивен ден со кој владее Венера. Токму затоа петок е совршен ден за вљубување, венчање, почеток на заеднички живот, запросување и пишување љубовни песни. Ова е многу добар ден за сите уметници и дипломати и тогаш тие треба да бидат особено активни и продуктивни. Петок е одличен ден и за закажување гинеколошки преглед и решавање какви било женски проблеми. Купувањето облека, обувки, одењето на козметичар и фризер се идеални за извршување во петок. Ова е одличен ден и за предложување нови идеи и преговори околу покреативни подвизи. Но, петок не е добар ден за зачнување дете, бидејќи не дава резултати.
Сабота
Сетете се на родителите и посетете ги, бидејќи Сатурн владее со сабота, планетата што нѐ поврзува со корените и потеклото. Подарете им нешто на старите и сиромашните лица. Отидете на планина. Сабота е добар ден и за сеќавање на блиските кои починале. Добро е да правите фото албуми, семејни дрвја и слично. Ова е одличен ден за археолозите, рударите и геолозите. Не е добар ден за почеток на градење нова куќа, но добар е за обнова на старите куќи.
Недела
Англиското име за недела е „Sunday“, па јасно е дека со овој ден владее Сонцето. Договорите со сопругот и таткото се успешни во недела. Исто така, можете да почнете со планирање нови проекти и смислување кампањи без разлика дали станува збор за маркетиншки или политички. Ова е одличен ден за поставување нови правила на работа, во фирма, но и во домот. Доколку сакате да добиете унапредување, договорете ручек или неформален состанок со луѓето кои одлучуваат во недела и нема да зажалите. Недела е ден за собири, приредби, држење говори и јавни настапи. Задолжително искористете го овој ден доколку сакате другите да ве забележат и да веруваат во вас.
Дознајте го астро-значењето на деновите во седмицата.