Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет
6. Ставете шише вода на светилката од телефонот за да создадете ноќна светлина
Овој трик успева. Не е препорачливо да читате на ваква светлина, но без проблем ќе можете да стигнете до креветот кога не сакате да ги вклучувате светлата.
5. Употребете кондом за да направите подводни фотографии
Кондомот со сигурност не пропушта вода, но сензорот на екранот не работи. На крајот, нема да успеете да направите подводни фотографии.
4. Фотографирајте се со помош на копчето од слушалките
Приклучете ги слушалките во телефонот, вклучете ја камерата и притиснете го копчето на кабелот. Ова ќе ви помогне да се фотографирате.
3. Направете лупа со капка вода
Внимателно ставете капка вода на камерата од телефонот, почекајте една минута и потоа низ камерата погледнете некоја страница со мали букви. Ова функционира, но капката премногу трепери и може да падне во секој момент. За жал, не би можеле да читате на ваков начин, но би можеле да го искористите трикот за да направите макро фотографии.
2. Спасете го наводнетиот телефон со ориз
Прво треба да го избришете телефонот со хартија, да ја извадите батеријата и да ја отстраните СИМ картичката. Потоа, издувајте го остатокот од водата со правосмукалка. Секој дел мора да се суши 20 минути. На крајот, ставете го телефонот во кесичка ориз и оставете го така цела ноќ, за да може оризот да ја впие влагата. Ќе можете да го спасите телефонот на овој начин, но боите на екранот значително ќе избледат и екранот ќе почне да се губи. Овој трик успева само до одреден степен и не може да го врати смартфонот во неговата првобитна состојба. Во ваков случај, најдобро е да го однесете телефонот на поправка.
1. Направете мини ламба од лушпа од јајце
Скршете го јајцето и залепете дел од лушпата на светилката од телефонот. Оваа оригинална ламба ќе создаде пријатно осветлување. Исто така, ќе ви помогне да се ориентирате во темница.
БОНУС: Супер апликација
Screen Lock – Time Password е апликација за Андроид која може да го претвори часот што моментално го покажува телефонот во лозинка за отклучување на екранот. Со оглед на тоа што времето постојано се менува, не мора да се грижите дали некој ви ја видел лозинката кога сте го отклучувале телефонот.
Прочитајте ги и следниве 10 совети што ќе го спасат вашиот мобилен телефон доколку се потопи во вода.