Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Интернетот е полн со трикови за мобилни телефони. Некои од нив се корисни, но некои можат уште повеќе да му наштетат на вашиот омилен уред. Денес, ќе ви откриеме кои од најпознатите трикови навистина функционираат, а кои воопшто не помагаат. Триковите се подредени почнувајќи од најнекорисниот, па сѐ до најдобриот. Дознајте за што станува збор…

13. Употребете батерија наместо пенкало за телефон

Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Батеријата е одлична алтернатива за пенкалцето. Но, за да работи ова, треба да го допирате екранот со негативната страна на батеријата.

12. Направете држач за телефон од спојувалка

Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Смартфонот совршено влегува во отворената спојувалка. Сега можете да гледате видеа без да се грижите дали ќе ви падне телефонот.

11. Завиткајте си го прстот со алуминиумска фолија

Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Ова можете да го направите ако носите ракавици, а екранот не реагира на вашиот допир. Трикот функционира, така што не мора да купувате посебни ракавици за смартфони. И не мора да ги вадите ракавиците за да одговорите на повик или да напишете порака.

10. Употребете шприц за да ги исчистите малите празнини полни со прашина и нечистотии

Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Ако внесете воздух во празнините на телефонот, нема да забележите никаква особена разлика. Ова нема да ви помогне да го исчистите смартфонот.

9. Направете маска за смартфон од балон

Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Прво, надувајте го балонот (не премногу, туку до пола) и потоа притиснете го телефонот на него. Балонот ќе го опфати телефонот како ракавица. Овој трик успева, така што, ако немате маска при рака (а имате балон), можете да се послужите со овој совет.

8. Отстранете ги гребаниците на екранот со помош на паста за заби

Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Нанесувањето паста за заби на телефонскиот екран нема да ги отстрани гребаниците. Напротив, ќе ги направи уште повидливи. Овој популарен трик што може да се најде на Интернет е бескорисен.

7. Направете „трипод“ од селотејп и гумени ластичиња

Дознајте дали функционираат најпознатите трикови за смартфони што можете да ги сретнете на Интернет

Земете широк селотејп, ставете го телефонот во него и зацврстете го со гумените ластици. Закачете го уредот на местото од каде што сакате да се фотографирате. Овој трик навистина функционира, така што ако сакате да направите групна фотографија, а смачено ви е од селфиња, обидете се да го примените.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар