Дознајте дали 2017-та година за вас подготвува љубовен огномет
Некои години биле преполни со романтика, додека други биле досадни. А, што ве очекува во наредните 12 месеци? Одговорете на неколку едноставни прашања и дознајте што ќе се случува со вашиот љубовен живот во 2017-та година.
1. Кое е најчудното место на кое сте воделе љубов?
а) Парк, и тоа на сред бел ден.
б) На плажа, во придружба на морските бранови.
в) Работ на креветот во спалната соба?
2. Со колку момци во текот на 2016-та година сте посакале да имате секс? (Се смета и доколку сте во врска!)
а) Отприлика со петмина… на патот до работното место.
б) Само со господин Греј од популарната книга „50 нијанси сиво“
в) Со еден или ниту еден.
3. На скала за привлечност од 1 до 10, каде се наоѓате вие?
а) Дефинитивно 10! Моето деколте не ги остава момците рамнодушни.
б) Зависи од моето расположение. Понекогаш воопшто не ме интересира како изгледам, но знам и да се дотерам, само доколку сакам. Оцена: солидни 6, 7.
в) Да кажеме 2. Не сакам кога луѓето го забележуваат мојот изглед, а особено кога го коментираат.
4. Како го замислувате вашиот одмор од соништата?
а) Планинарење, нуркање, велосипедизам – накратко, активности на отворено кои го подигнуваат адреналинот.
б) Излежување во куќа покрај морето, шетање по плажа, набљудување на зајдисонцето…
в) Посета на роднините или слески туризам. Излегување после 21 часот? Не, никако!
5. Како вообичаено ја дочекувате Новата година?
а) Тренди клубови.
б) Заедно со партнерот на некое романтично место.
в) Дома, со чаша шампањ додека приготвувам вечера.
Најмногу одговори под А:
Започнувате да црвенеете, бидејќи ве разоткривме. Вие фантазирате за врели погледи кои ги разменувате со некој странец, за галење на лулашка со згодниот чувар, игри на улоги со долгогодишниот партнер… Отворени сте за нови искуства и ви престои доста возбудлив период. Затоа не двоумете се и препуштете се на сите магични возбудувања.
Најмногу одговори под Б:
Подгответе се за вечера со свеќи, прошетка низ градот или во природа додека го држите за рака и го гледате само него, заедничко бирање чипкаста долна облека, превртување по сатенските чаршафи кои ја милуваат кожата… Во суштина, сакате да ви се исполнат макар неколку сцени од љубовниот роман кој сте го прочитале или кој токму сега го читате.
Најмногу одговори под В:
Нема ништо лошо во тоа што имате удобност, среќни сте во врската и забавно ви е секое водење љубов со партнерот кој го сакате и кому потполно му верувате. Препуштете им ги падобраните на личностите под А и ветровитите плажи на личностите под Б. Вие ќе доживеете оргазам и ќе заминете на спиење во пристојно време, прегрнувајќи го човекот кој го сакате.
Најважно е никогаш да не дозволите туѓите мислења или стравот од осудување да ве спречи да одите по она што навистина го сакате! Нема причина да се грижите за неважните работи и поради тоа да ја испуштите шансата да бидете вистински среќни покрај оној кој го сакате. Тоа е ваш живот, па живејте го онака како што вам ви одговара.
„Не сакам да глумам дека сум недостижна. Не ја гледам поентата во фората ‘Ајде да ги размениме телефонските броеви, а потоа јас ќе чекам 4, 5 дена за да се јавам’. Ако почувствуваш нешто, зошто да дозволиш тоа чувство да помине? Животот е еден.“ – Хајди Клум.